Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Приватната библиотека на Мерилин Монро

 

Кога Мерилин Монро починала во август 1962, позади себе оставила многу скршени срца и некои навистина добри книги. Таа била венчана со Артур Милер, кој бил драматург. Монро имала околу 400 книги на своите полици. Многу од тие книги подоцна биле продадени преку аукција во Њујорк.




Насловите на книгите откриваат една работа: сликата која Монро ја чувала во својот приватен живот е далеку од слична со онаа на „наивната блондинка“ која ја направила позната. На веб-страната, може да разгледувате 262 книги во колекцијата на Монро. Меѓу нејзините книги ќе пронајдете големи книжевни ремек-дела, како „Невидливиот човек“ на Ралф Елисон, „Злосторство и казна“ на Достоевски и драмите на Антон Чехов.


Но, покрај тешките дела на Фројд, Прауст и Расел, во колекцијата има и текстови кои откриваат нешто за приватниот живот на Мерилин Монро – „Сексуална импотенција кај мажите“ од Леонард Пол Вершаб, како и „Одгледување на бебиња и деца“ од докторот Бенџамин Спок.


„Од Хирошима до месечината; хроники за животот на атомското доба“ од Даниел Ленг и „За ѕвездите и луѓето: човечки одговор на растечкиот универзум“ од Харлоу Шепли се уште книги од библиотеката на Мерилин Монро. Покрај книги, таа читала и есеи – „Од моите последни години“ од Алберт Ајнштајн може да се најде во колекцијата и на веб-страната. 

 
Објавено на 13.03.2013 во категорија Култура
Подготвил: Драгана Петрушевска / Текстот не е лекториран
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook