Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Оглас за вработување во Алкалоид

 
АЛКАЛОИД СКОПЈЕ
Здравото човечко тело понекогаш буди повеќе од искрена восхит. За нас во АЛКАЛОИД, постојано инспирација и стремеж е да го заштитиме и да го сочуваме овој скапоцен подарок на природата. Повеќе од 7 децении со неуморна страст создаваме производи кои се синоним за врвен квалитет. Постојано инвестираме во нашиот сон за поздрав живот на секој поединец, затоа што веруваме дека ЗДРАВЈЕТО Е ПРЕД СЕ...


 

АЛКАЛОИД АД-СКОПЈЕ
го објавува следното слободно работно место:

1. ПЦ Фармација - Сервис во производство

1.1. HVAC - инженер во Сервис во производство - 2 (две) позиции

Потребни квалификации и вештини:

- дипломиран машински инженер (насоката Термотехника ќе се смета за предност);
- одлично познавање и употреба на пакетот MS Office;
- одлично познавање англиски јазик;
- максимална посветеност и одговорност кон реализирање проекти и почитување рокови;
- пожелно е поседување возачка дозвола Б-категорија;
- доколку кандидатот нема дипломирано на насоката Термотехника, пожелно е да има работно искуство во контрола и одржување на системи за греење и за климатизација.

Цел и одговорност на работното место:

- контрола и одржување на сите системи за греење и за климатизација, како и придружни постројки и машини кои гравитираат на овие системи;
- организација на работењето во Сервис во производство и надзор на подредените;
- водење евиденција за резервните делови, активностите и за работата на подредените;
- идентификација, барање и техничко расчистување на понудите за резервни делови;
- активно учество во инсталирање нова процесна опрема;
- одговорност при модификација на опремата и на системите согласно со GMP - барањата;
- одговорност за безбедноста при работењето и почитување на приоритетите на производството и на политиките на фирмата.

Работниот однос за позицијата ce заснова на определено време од 3 (три) месеци, со можност за продолжување на договорот.

Дневното работно време на оваа позиција е 8 часа, со почеток од: 1-ва смена - од 06:00 до 14:00 часот и 2-ра смена - од 14:00 до 22:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на празници е платена според Законот за работни односи.

Предвидената основна плата за позицијата е МКД 26 570,00.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копијата од уверението за завршеното потребно образование, копијата од сертификати и од дипломи да се достават по електронски пат на следната електронска пошта:

CAREER@ALKALOID.COM.MK
со назнака: „3а оглас“ - инженер во Сервис во производство
При изборот на најповолен кандидат ќе биде спроведен процес на селекција, проследен со тестирања и со интервјуа.

Само кандидатите кои ќе достават комплетна документација и кои ги исполнуваат бараните услови наведени во огласот ќе бидат вклучени во процесот на селекција и ќе бидат соодветно известувани за неговиот тек.

Огласот трае 5 (пет) работни дена од денот на неговото објавување.

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен во рок од 45,90 или од 120 дена од завршување на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати, согласно со Членот 23 од Законот за работни односи. 
 
Објавено на 15.03.2013 во категорија Конкурси
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook