Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Најновите правила за забавување

 

Кога се споменува љубовта, сексот, врската - од родителите секогаш добиваме реченицата: „Е во мое време...“ која неминовно води до долга приказна, со цел да покажат дека денес повеќе ништо не е нормално и нема смисла. Денешните тинејџери изградија свој систем на забавување и правила кои се водат, а ние се обидовме да издвоиме неколку правила.

 

правила


Првиот чекор го прави...

 

Првиот чекор  претходно беше резервиран за него, но денес навистина не е важно - девојките без проблем им приоѓаат на оние што им се допаѓаат. Освен тоа, во светот онлајн комуникацијата е многу полесно да ја „боцнете“ симпатијата и со неа да пишувате на „чат“, да ја „тагнете“ на некоја фотографија или коментар и така да иницирате разговор.

 

Кога се споменува љубовта, сексот, врската - од родителите секогаш добиваме реченицата: „Е во мое време...“ која неминовно води до долга приказна, со цел да покажат дека денес повеќе ништо не е нормално и нема смисла. Денешните тинејџери изградија свој систем на забавување и правила кои се водат, а ние се обидовме да издвоиме неколку правила.

 

На првиот состанок се оди...

 

Со толкавата понуда на клубови, ресторани и останати атрактивни места, тешко е да се најде место за прв состанок. Сепак, најмногу зависи од музичкиот вкус каде ќе одете.

 

За прв секс се чека...

 

„Границата за секс секако е променета, така што досега младите имаат односи прерано и емотивно и физички е неспремни. Од интернет имаат информации и не сакаат да чекаат, бидејќи не гледаат поента во сето тоа чекање. Сексот дефинитивно повеќе не е табу тема, туку на училишниот разглас се објавува каде, кога и колку пати.

 

Запознавање на родителите

 

Нема ништо пострашно од запознавањето на родителите на момчето/девојката. Порано сите се обидувале да изгледаат подобро и пристојно. Но денес, тинејџерите имаат многу кратки врски така што не ни стигнуваат до овој момент. Но сепак, се чини дека нема некое строго правило - денес паровите се договараат па некои чекаат месец, некои неколку години.

 

Излегувања

 

И покрај тоа што сме 21 век, некои луѓе сметаат дека не е нормално девојката во врска да излегува сама. Меѓутоа ова важи само во некои места, а се повеќе луѓе сметаат дека излегувањата со друштгво не се ништо лошо или погрешно.

 

Се раскинува кога...

 

Неверството е ултимативен грев и е на врвот на листата, кој порано се сметаше дека не може да се прости, додека денес паровите имаат послободни размислувања.

 
Објавено на 31.03.2013 во категорија Забава
Подготвил: Тамара Мисирлиевски / Текстот не е лекториран
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk