Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Обука - Тимска работа и лидерски способности низ комуникацискиот процес

 
Меморијалниот центар фондација “Никола Кљусев” организира  дводневна обука на тема:
Тимска работа и лидерски способности низ комуникацискиот процес



илустрација


Што нуди обуката?
- Осознавање на комуникацискиот процес како основа за понатамошна успешна кариера
- Запознавање со вербалната и невербалната комуникација
- Формирање на групи и фази на формирањето групи
- Правилна комуникација во група
- Решавањето на проблеми во групи доколку се појават
-  Истакнување на вашите лидерски способности при водство во дадена група

* Сите овие вештини ќе се изучат ни теоретски и практичен дел, со најсовремени и најразлични видови на вежби од областа на тимската работа и лидерските способности.

Времетраење на една една обука: 2 дена по 5 часа ( од 11 до 16 часот-важи за двата дена)

Место на одржување: Фондација „Никола Кљусев“

Цена: 400 денари, на ден по 200 денари ( плаќањето се врши првиот ден од обуката за двата дена)
Обучувачи и тренери на групата се дипломирани комуниколози при универзитетот на Јуоисточна европа од областа на комуникациски науки и односи со јавноста

1. Максимилијан Казаков
2. Наде Богоевска

Работилницата ќе се одржи на ден 01.06.2013 и 02.06.2013

Пријавување на e-mail: info@nikolakljusev.org.mk, или на телефонските броеви: 078/613-409 и 077/541-635 и преку формата за пријавување.



* Апликантите кои се заинтересирани за оваа обука да се пријават најдоцна до 29 мај
* На крајот на обуката сите нејзини партиципиенти ќе добијат соодветен сертификат од фондацијата „Никола Кљусев“, кој истиот ќе ви послужи при понатамошно вработување како и на местата во кои работите.
 
Објавено на 14.05.2013 во категорија Конкурси
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Конкурси