Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Оглас за вработување во Влада на Република Македонија

 


Република Македонија
Влада на Република Македонија

ОГЛАС
За пројавување на интерес за ангажирање на лица на РАКОВОДНИ ПОЗИЦИИ

Владата на Република Македонија има потреба од ангажирање на компетентни и високо мотивирани кандидати за повеќе раководни позиции кои се во надлежност на Владата на Република Македонија.

Кандидатите кои се заинтересирани и се пријавуваат за одредена позиција потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат менаџерски способности и лидерски вештини, способност за тимска работа и да се подготвени за темелна посветеност, силен ангажман и предизвици во периодот на спроведување на значајни структурни реформи во земјата и остварување на политиките на Владата на Република Македонија.

Од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно искуство и соодветно образование, да ги поддржуваат политиките на Владата на РМ во областа за која се пријавуваат, да ги исполнуваат законските услови за позицијата за која се пријавуваат, како и задолжително познавање на англискиот јазик. Можност за пријавување имаат сите кандидати кои своето образование го оформиле како во Република Македонија, така и во странство.

Сите пријавени кандидати имаат ЕДНАКВИ ШАНСИ да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности. Ќе бидат ангажирани само НАЈСПОСОБНИТЕ и НАЈСООДВЕТНИТЕ кандидати за позицијата за која се аплицира. СИТЕ пријавени кандидати кои ги исполнуваат законските услови за позицијата за која аплицираат ќе бидат повикани на интервју, дел од нив ќе бидат повикани и на тестирање и нивните податоци и препораки ќе подлежат на проверки.

Сите кандидати кои се актуелни раководни лица на позициите кои се објавуваат во овој оглас и мандатот им истекува во 2013 година, раководни лица со истечен мандат или в.д. раководни лица на позициите за кои се објавува овој оглас имаат право и можност повторно да се пријават за позициите кои досега ги извршуваат. Истите лица имаат можност повторно да бидат избрани од страна на Владата на РМ врз основа на условите објавени во овој оглас. Сепак, Владата на РМ тоа го смета како можност, но не и како обврска.

Ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска на Владата на Република Македонија, но со цел да се даде шанса на што поголем број на способни луѓе, Владата се одлучи на ваков чекор.

Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оцена за кандидатот.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават: мотивациско писмо од најмногу 500 зборови во кое задолжително ќе пишува за која позиција кандидатот аплицира, лична биографија (CV) не поголема од 5 страни, препораки, уверенија за познавање на странски јазик и фотографија, како и пополнета веб апликација која може да се најде на веб страната на Владата на РМ – www.vlada.mk

Документите да се достават заклучно со 31.05.2013 година на адреса:
Влада на Република Македонија
Бул. Илинден бр. 2, 1000 Скопје
Со назнака: Оглас за пројавување интерес за раководни позиции

Позиции за кои се бара пројавување на интерес:
1. Советник на Претседателот на Владата на Република Македонија (6 шест извршители):
-Советник за Национална безбедност и политички прашања
-Советник за надворешни работи
-Советник за економија и претприемништво
-Советник за финансиски и монетарни прашања
-Советник за земјоделство и
-Советник за правосудство и администрација
Високо образование од областа за која се аплицира, познавање на англиски јазик, минимум 5 години работно искуство од областа за која аплицира

2. Агенција за млади и спорт – Директор
високо образование и 5 години работно искуство, познавање на англиски јазик

3. Агенција за странски инвестиции – Заменик на Директорот
високо образование, 5 години работно искуство, познавање на англиски јазик

4. Агенција за развој и поттикнување на земјоделството – Битола – Директор
високо образование и 5 години работно искуство, познавање на англиски јазик

5. Агенција за лекови – Директор
високо образование - фармацевтски факултет, да има најмалку пет години работно искуство во областа на фармацијата

6. Државен пазарен инспекторат – Директор
високо образование од областа на економијата, правото, бизнис администрација, машинска, електротехничка, технолошка струка или друга соодветна на надлежностите и најмалку 6 години работно искуство во струката

7. Министерство за локална самоуправа – Државен секретар
високо образование, познавање на англиски јазик, минимум 4 години работно искуство од кои 1 година во државна администрација

8. Управа за заштита на културно наследство – Директор
високо образование и работно искуство во оваа или слична област

9. Агенција за енергетика на Република Македонија – Директор
високо образование, најмалку 5 год. работно искуство во областа на енергетиката, најмалку 3 год. работно искуство на раководно место

10. Централен регистар на Република Македонија – Директор
високо образование и 5 години работно искуство, познавање на англиски јазик

11. Институт за акредитација на Република Македонија – Директор
најмалку високо образование, да има најмалку пет години работно искуство, да има најмалку три години работно искуство на раководно место, да има искуство во областа на акредитацијата и со неа поврзани активности и активно да познава еден од светските јазици

12. АД за промоција и продажба на земјоделски производи Агриленд – Скопје - Директор
високо образование, познавање на англиски јазик

13. Државна лотарија на Република Македонија - Директор
високо образование и 5 години работно искуство, познавање на англиски јазик

14. Управа финансиско разузнавање – Директор
високо образование и 5 години работно искуство, познавање на англиски јазик

15. Институт за стандардизација на Република Македонија – Директор
најмалку високо образование; најмалку 10 години работно искуство од кои 5 години работно искуство во областа на стандардизацијата и со неа поврзани активности и најмалку 3 години на раководно работно место; има познавање за процесот за сертификација;

16. ЈП Македонски Шуми – Директор
висока стручна подготовка: дипломиран шумарски инженер, дипломиран правник, дипломиран економист со работно искуство од најмалку 2 години во струката

17. ЈП Македонска радиодифузија – Директор
високо образование од областа на електротехничките науки, со работно искуство над пет години и со посебни знаења од областа на радиодифузијата и електронските комуникации

18. ЈП за водоснабдување „Студенчица“ – Другово – Директор
високо образование и 5 години работно искуство

19. ЈП „Стрежево“ – Битола – Директор
високо образование и 5 години работно искуство

20. ЈУ Национален парк „Маврово“ – Директор
високо образование и 5 години работно искуство

21. Државна фитосанитарна лабораторија – Директор
високо образование од областа, 5 години работно искуство

22. Координатор на Националниот координативен центар за гранично управување
високо образование и работно искуство од 10 години во државен орган што има надлежност во гранично управување

23. Биро за метрологија – Директор
високо образование, 5 години работно искуство, познавање на англиски јазик

24. Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – Директор
високо образование и 5 години работно искуство

25. АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост – Член на УО и Заменик на генералниот директор
високо образование, 5 години работно искуство

26. АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост – Член на УО и Директор за правни работи, човечки ресурси и кооперативни функции
високо образование, правен факултет, 5 години работно искуство

27. АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост – Член на УО и Директор за маркетинг и продажба
високо образование, 5 години работно искуство

28. АД за поштенски сообраќај Македонска пошта во државна сопственост – Член на УО и Директор за информатичка технологија
високо образование од областа на електротехничките науки или информатика, 5 години работно искуство

29. Регулаторна комисија за енергетика – Член на комисија
високо образование од областа на електротехниката, машинството, технологијата, економијата или правото; последните 15 години пред именувањето да има најмалку десет години работно искуство во енергетиката; најмалку една година пред изборот за член на РК да не бил член на НО или УО или Одбор на директори во друштво кое врши регулирана енергетска дејност и да има препорака од 3 лица со најмалку 10 год. искуство во енергетиката, економијата или правото од кои најмалку двајца се доктори на науки

30. Агенција за супервизија на осигурувањето – Член на комисија (2 два извршители)
да има високо образование и да е признат експерт во областа на осигурувањето, финансиите или трговското право и да има најмалку пет години работно искуство во областа на осигурувањето или финансиите

31. Филмски фонд на РМ – Директор
да има најмалку 5 години искуство во филмската дејност или да учествувал во реализација на најмалку 5 филмски проекти и да има активно познавање на англискиот јазик

32. Вардар Филм – Директор
високо образование - факултет за драмски уметности, економски факултет или правен факултет, над 3 год. работно искуствово областа или најмалку 5 реализирани филмски проекти, познавање од еден странски јазик, програма за работа на установата за 4 годишен период

33. Управата за извршување на санкциите - Директор
високо образование – VII – 1 степен и работно искуство од најмалку 5 години во областа на извршувањето на санкциите или на сродни работи

34. Директор на Казнено поправна институција (6 шест извршители) во следните установи: КПУ Затвор Скопје, ВПД – Тетово, КПУ Затвор Гевгелија, КПУ Затвор Битола, КПУ Затвор Охрид и КПУ Затвор Прилеп.
(високо обарзование VII-1 степен и работно искуство од најмалку 5 години во областа на извршувањето на санкциите или на сродни работи)

35. Заменик на директорот на Казнено поправна институција (2 два извршители) во следните установи: КПУ Затвор Тетово и КПД од отворен вид-Струга.
високо образование – VII – 1 степен и работно искуство од најмалку 5 години во областа на извршувањето на санкциите или на сродни работи

36. Амбасадор на Република Македонија (18 осумнаесет извршители) во:
- Белград, Република Србија
- Стокхолм, Кралство Шведска
- Пекинг, НР Кина
- Бразилија, Бразил
- Токио, Јапонија
- Вашингтон, САД
- Подгорица, Република Црна Гора
- Москва, Руска Федерација
- Киев, Република Украина
- Виена, Република Австрија
- Берлин, Сојузна Република Германија
- Отава, Канада
- Будимпешта, Унгарија
- Приштина, Република Косово
- Каиро, Арапска Република Египет
- Постојана Мисија при ОН во Њујорк
- Постојана Мисија на НАТО во Брисел
- Канцеларија за врски во Атина, Република Грција

високо образование – VII – 1 степен и работно искуство од најмалку 5 години работно искуство, активно да владее два странски јазика, од кои задолжително еден од јазиците во службена употреба во ООН, да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи

37. Генерален конзул на Република Македонија (3 три извршители) во:
- Детроит, САД
- Њујорк, САД
- Венеција, Италија

високо образование – VII – 1 степен и работно искуство од најмалку 5 години работно искуство, активно да владее два странски јазика, од кои задолжително еден од јазиците во службена употреба во ООН, да биде афирмирана личност во областа на надворешната политика и меѓународните односи

38. АД ЕЛЕМ – Член на УО и Директор за производство на електрична енергија
VII/1 степен високо образование, Електротехнички или Машински факултет, 5 години работно искуство

39. АД ЕЛЕМ – Член на УО и Директор за развој и инвестиции
VII/1 степен високо образование, Електротехнички, Машински или Градежен факултет, 5 години работно искуство

40. АД ЕЛЕМ – Член на УО и Директор за финансиски работи
VII/1 степен високо образование, Економски факултет, 5 години работно искуство

41. АД ЕЛЕМ – Член на УО и Директор за комерцијални работи
VII/1 степен високо образование, Економски, Електротехнички или Машински факултет, 5 години работно искуство

42. АД ЕЛЕМ – Подружница РЕК Битола - Новаци - Директор
VII/1 степен високо образование, 5 години работно искуство

43. АД ЕЛЕМ – Подружница РЕК Осломеј - Осломеј - Директор
VII/1 степен високо образование, 5 години работно искуство

44. АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика - Скопје - Директор
VII/1 степен високо образование, 5 години работно искуство

45. АД ЕЛЕМ – ФОД Дооел - Новаци - Директор
VII/1 степен високо образование, 5 години работно искуство

46. АД ЕЛЕМ – ФОРТ Дооел - Осломеј - Директор
VII/1 степен високо образование, 5 години работно искуство

47. АД МЕПСО – Член на УО и Директор на подружница за Оператор на преносна мрежа
VII/1 степен високо образование правен факултет, 4 год работно искуство

48. АД МЕПСО – Член на УО и Директор на подружница за Оператор на електро-енергетскиот систем
VII/1 степен високо образование електротехнички факултет, 4 год работно искуство

49. АД МЕПСО – Член на УО и Директор на Сектор за финансиски работи
VII/1 степен високо образование економски факултет, 4 години работно искуство

50. АД МЕПСО – Член на УО и Директор на Сектор за информациони технологии и телекомуникации
VII/1 степен високо образование од областа на информатиката и телекомуникациите, 4 години работно искуство

51. АД МЕПСО – Член на УО и Директор на Сектор за правни и општи работи
VII/1 степен високо образование правен факултет, 4 год работно искуство

52. Студентски центар - Скопје – Директор
VII/1 степен високо образование, пет години работно искуство по завршувањето на високото образование и да достави програма за работа со државниот студентски центар

53. Државен студентски дом „Орде Чопела“ – Прилеп – Директор
VII/1 степен високо образование, пет години работно искуство по завршувањето на високото образование и да достави програма за работа со домот

54. Државен студентски дом „Браќа Миладиновци“ – Штип – Директор
VII/1 степен високо образование, пет години работно искуство по завршувањето на високото образование и да достави програма за работа со државниот студентски центар

55. Посебно општинско училиште „Иднина“ – Скопје – Директор
VII/1 степен високо образование, најмалку 5 години работно искуство во воспитно образовна дејност, да ги исполнува условите за наставник или стручен соработник, да има положен испит за директор во основно училиште, да достави програма за работа на училиштето за наредните 4 години

56. ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Валандово – Директор
VII/1 степен високо образование, дипломиран правник, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран социјален работник, дипломиран социолог, 4 год работно искуство

57. ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Пробиштип – Директор
VII/1 степен високо образование, дипломиран правник, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран социјален работник, дипломиран социолог, 4 год работно искуство

58. ЈУ Меѓуопштински центар за социјални работи Скопје – Директор
VII/1 степен високо образование, дипломиран правник, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран социјален работник, дипломиран социолог, 4 год работно искуство

59. ЈУ Специјален завод Демир Капија – Директор
VII/1 степен високо образование, дипломиран правник, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран социјален работник, дипломиран социолог, 4 год работно искуство

60. ЈУ Завод за рехабилитација на деца и младинци Скопје – Директор
VII/1 степен високо образование, дипломиран правник, дипломиран психолог, дипломиран педагог, дипломиран социјален работник, дипломиран социолог, 4 год работно искуство

61. НУ Центар за култура Ацо Караѓозов Неготино – Директор
VII/1 степен високо образование, најмалку три години работно искуство или најмалку пет проекти од областа на културата, познавање на еден странски јазик, предлог програма за работа на установата за следните 4 години

62. НУ Музеј Д-р Никола Незлобински Струга – Директор
VII/1 степен високо образование со завршен ПМФ (група биологија или етнологија) или Филозофски факултет (група историја, историја на уметност, археологија и класични студии), 5 години работно искуство, познавање на еден странски јазик, предлог програма за работа на установата за следните 4 години

63. НУ Драмски театар Скопје – Директор
VII/1 степен високо образование од областа на општествените науки или од областа на уметностите, 10 години работно искуство во установа од областа на општествените науки или во установа од областа на уметничките дејности, познавање на еден странски јазик, предлог програма за работа на установата за следните 4 години

64. НУ Конзерваторски центар Гостивар – Директор
VII/1 степен соодветно високо образование најмалку три години работно искуство во областа или реализирани најмалку пет проекти од областа, Да е афирмирано лице во областа на културата, познавање на еден странски јазик, предлог програма за работа на установата за следните 4 години

65. НУ Музеј Куманово – Директор
VII/1 степен соодветно високо образование од општествено хуманитарните науки, 5 години работно искуство во струката, предлог програма за работа на установата за следните 4 години

66. НУ Спомен куќа на Тодор Проески во Крушево – Директор
VII/1 степен соодветно високо образование, активно познавање на еден странски јазик, предлог програма за работа на установата за следните 4 години

67. НУ за управување со Археолошки локалитет Стоби Градско – Директор
VII/1 степен високо образование, над три години искуство во струката или реализирани најмалку пет проекти од областа на музејско-истражувачката дејности и во областа на заштитата на недвижното културно наследство, да има познавање на еден светски јазик, предлог програма за работа на установата за следните 4 години

68. НУ Национална универзитетска библиотека Св. Климент Охридски Скопје – Директор
VII/1 степен соодветно високо образование од општествено хуманитарните науки, 5 години работно искуство во струката, предлог програма за работа на установата за следните 4 години.
 
Објавено на 16.05.2013 во категорија Конкурси
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook