Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Оглас за вработување во ЈП "Македонски Шуми"

 
МАКЕДОНСКИ ШУМИ
Во партнерство со природата

Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2013 пречистен текст), член 37 став 2 од Закон за јавни претпријатија (“Службен весник на Република Македонија“ број 38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/10 и 6/2012), Програмата за вработување на 1600 лица од категории на социјално загрозени граѓани за 2013 година бр.41-3335/1 од 14 мај 2013 година, Заклучокот на Влада на РМ бр.41-3335/1 од 14.05.2013 година, Програмата за максимално и ефикасно искористување на сопствените ресурси во вршењето на дејноста на ЈП “Македонски шуми“ Скопје за 2013 година бр.02-512/2 и Одлука за измена и допололнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места и исплата на плати во ЈП “Македонски шуми“ Скопје бр.02-512/4, донесена од Управниот Одбор на ЈП “Македонски шуми“ Скопје, јавното претпријатие за стопанисување со шуми “Македонски шуми“ Скопје, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на неопределено време на вкупно 1600 извршители и тоа:

1. Помошни работници 976 (деветстотини седумдесет и шест) извршители, со НК, ПК, KB и ВК и тоа:

a. долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа 244 (двесте четириесет и четири) извршители;
б. лица од многудетни семејства 244 (двесте четириесет и четири) извршители;
в. самохрани родители и еднородителски семејства 244 (двесте четириесет и четири) извршители;
г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен - 244 (двесте четириесет и четири) извршители;

2. Референти 472 (четиристотини седумдесет и два) извршители со ССС или ВШС степен на стручна подготовка и тоа:

а. долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа -118 (сто и осумнаесет) извршители;
б. лица од многудетни семејства - 118 (сто и осумнаесет) извршители;
в. самохрани родители и еднородителски семејства -118 (сто и осумнаесет) извршители;
г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен -118 (сто и осумнаесет) извршители;

3. Соработници (Советници) -152 (сто педесет и два) извршители со ВСС степен на стручна подготовка и тоа:

а. долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа 38 (триесет и осум) извршители;
б. лица од многудетни семејства 38 (триесет и осум) извршители;
в. самохрани родители и еднородителски семејства 38 (триесет и осум) извршители;
г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен - 38 (триесет и осум) извршители;
Изборот на кандидати за засновање на работен однос ќе се врши согласно следниве Критериуми на бодирање:

а. За работните места/позиции под реден број 1.а., 2.а. и З.а.
- долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа:
- приходи на домаќинство 40 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи.
- години на невработеност 40 бода за лицата кои најдолго се невработени, пропорционално помалку бодови за останатите согласно периодот на невработеност
- години на стаж потребни за стекнување на услови за пензија 20 бода за лицата на кои им се потребни најмалку години на стаж за да го исполнат условот за 15 години стаж за пензија

б. За работните места/позиции под реден број 1.6., 2.6. и З.б.
- лица од многудетни семејства:
- број на деца во семејството 40 бода за лицето кое има најмногу деца, пропорционално помалку бодови согласно бројот на деца
- приходи на домаќинството 40 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи
- самохрани и еднородителски семејства 20 бода

в. За работните места/позиции под реден број 1.в., 2.в. и З.в.
- самохрани родители и еднородителски семејства
- приходи од домаќинството 50 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи
- број на деца во семејството 25 бода за лицето кое има најмногу деца пропорционално помалку бодови согласно бројот на деца
- години на невработеност 25 бода за лицето со најмногу години на невработеност, пропорционално бодови за останатите лица

г. За работните места/позиции под реден број 1.г., 2.г. и З.г.
- невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен:
- приходи на домаќинството 40 бода за лице од домаќинство со 0 приходи, пропорционално помалку бодови за лица од домаќинства во кои има приходи
- број на деца во семејството 40 бода за лицето кои има најмногу деца, пропорционално помалку бодови согласно бројот на деца
- број на членови на семејството 20 бода за лицето кои има најмногу членови во семејството, пропорционално помалку бодови за останатите согласно бројот на членови.

При оцена на критериумот приходи на домаќинство ќе се земе состојбата на приходи на 01.01.2013 година.

Лицата приматели на социјална помош ќе бидат бодирани како да немаат никаков приход.
При изборот за вработување ќе се води сметка за принципот за еднаква и правична застапеност на заедниците во Република Македонија.

Кандидатите потребно е да ги достават следните документи:

- Пополнета и потпишана Апликација на пропишан образец Апликацијата може да се превземе од веб страницата
www.mkdsumi.com.mk ; www.avrm.gov.mk ; www.mtsp.gov.mk или од Архивата на ЈП “Македонски шуми“ - Скопје и од архивите на подружниците во јавното претпријатие.

- Копија од диплома или уверение за завршено образование;
- Копија од уверение за државјанство на Република Македонија

Рокот за пријавување по огласот е 30 дена, сметано од денот на објавување на огласот, заклучно со ден 22.06.2013 година.

Апликацијата со потребната документација се поднесува на адреса: ул.“Перо Наков“ бб (МЗТ Опрема) Скопје со назнака “по јавен оглас“, преку пошта или во архивата на ЈП “Македонски шуми“ Скопје.

Некомплетните и ненавремено доставените документи нема да се разгледуваат.
По извршениот избор, кандидатите ќе бидат писмено известени.

*Напомена: Податоците наведени во апликацијата ќе бидат проверени од страна на надлежните органи / институции.

ЈП “МАКЕДОНСКИ ШУМИ“ - СКОПЈЕ 
 
Објавено на 22.05.2013 во категорија Конкурси
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Конкурси