Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Прелиминарни резултати од државната матура

 
Постигнувањата за математика – основно ниво се најдобри до сега, со просечна оценка 3,38. Компаративно, во 2012 просечната оценка изнесуваше 3,02, додека во 2011 година - 2,94. Сепак, останува загрижувачки податокот што се уште е мал бројот на кандидати кои го одбираат овој предмет. Оваа година 2142 кандидати, за разлика од 2008 година кога се пријавија 5492 кандидати. Потребна е дополнителна анализа за причините кои доведуваат до ваква појава, односно дали неизбирањето на математиката како предмет се должи на тоа што е тешка наставната програма за учениците или пак, фактор се флексибилните барања на универзитетите. Слична е ситуацијата и кај математика - напредно ниво, каде исто така се забележува пад на бројот на пријавени кандидати кои го полагаат овој испит. Оваа година само 12 пријавени кандидати, со постигната просечна оценка 3,83.

Следниот испитен рок за полагање државна матура е во август. На 13 август ќе се поалгаат мајчините јазици, а на 15 август - странски јазици, математика, филозофија и естетика.











































Извор: МОН

 
Објавено на 07.07.2013 во категорија Образование
Тагови:
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook