Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Професии кои се непознати за повеќето средношколци

 

Секоја генерација има омилени професии, па така повеќето матуранти се одлучуваат да студираат на факултети и наскоки кои во моментот се актуелни и популарни, без да обрнат внимание на своите вистински афинитети. Сепак, постојат голем број на професии за кои повеќето идни студенти никогаш не слушнале, а се добро платени и вреди да се студираат.


професија


Контрола на летање

Луѓето од од аеродромите кои им даваат насоки на пилотите и им помагаат безбедно да ги превезат патниците до саканата позиција обично се луѓе во сенка и  малкумина знаат за оваа професија. Сепак луѓето кои работат како контролори се добро платени и велат дека тоа е е дна благородна професија која бара големо внимание и посветеност.


Геодети

Во последниве децении кај нас, но и во светот како да се одбегнува градежно-геодетската струка, но не би требало да биде така, тоа е струка со која добро се заработува, меѓутоа повеќето средношколци не знаат многу за неа, и не се информирани на кој факултет се изучува оваа струка.


Индустриски дизајнери

Индустрискиот дизајн претставува право кое на производите за кои е наменет им дава определен визуелен, естетски, ергономски, практичен или наменски квалитет кој ги разликува од останатите производи кои се присутни на пазарот.  Индустриски дизајн се изучува на машинскиот факултет.


Анестезиолог                                                                                                                                               
Анестезиолозите се професионалци со завршен медицински факултет, кои специјализирале анестезиологија. Анестезиолзите се исклучително важни во медицината, но многу од учениците во средно училиште воопшто не ни размислуваат за оваа професија, а многу од нив и ја сметаат за рутинска работа која ја извршуваат медицинскте сестри.



Рударски инжинер    

Кога се зборува за рудари обично повеќето од средношколците помислуваат на луѓе со нечиста облека и шлемови кои ја работат најтешката работа на светот и сметаат дека таа работа ја работат лица со основно образование. Но за кординација на работата на рударите постојат и рударски инжинери кои дипломирале на Факултет за рударство, геологија и политехника или по ново Факултет за природни и технички науки.

 
Објавено на 17.07.2013 во категорија Образование
Подготвил: Кристина Вељаноска / Текстот не е лекториран
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Образование