Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Прекрасни цитати за животот од детски книги

 

Детските книги се полни со мудрости. Доколку обрнете повеќе внимание ќе ја забележите мудроста која се крие во нивните реченици.

 

inspirativni misli

 

1. Антоан де Сент-Егзипери, „Малиот принц“ - Човек гледа добро само со срцето. Најсуштественото е невидливо за очите. (Најважните работи во животот не можете да ги видите, но можете да ги почувствувате).


2. Џ.М. Бари, „Петар Пан“ - Mоментот кога почнуваш да се двоумиш дали можеш да леташ, престануваш да бидеш во можност некогаш да го сториш тоа.(Никогаш немој да се двоумиш во себе, бидејќи тоа само ќе те спречи да ги исполниш твоите цели).

3. Др.Сјус, „Ох, местата коишто ќе ги посетиш!“  - Имаш мозок во твојата глава. Имаш нозе во твоите чевли. Можеш да се насочиш во било која насока што ќе ја избереш. (Само ти можеш да одлучиш за патот што ќе го избереш).

4. Медлин Ленгл, „A wrinkle in time“ - Немој да се обидуваш да го разбереш она што е во твојот ум. Твојот ум е многу ограничен. Искористи ја твојата интуиција. (Понекогаш да се биде аналитичен е добра работа, но во поголемиот дел од времето не е).

5. Џон Роналд Руел Толкин, „Хобитот“ - Доколку повеќето од нас ја ценеа храната, наздравувањето и песната над златото, светот би бил повесел. (Материјалното не ни носи среќа).

6. Луиса Меј Алкот, „Малите жени“ - Не се плашам од бури бидејќи учам како да пловам со мојот брод. (Немој да се плашиш од животните предизвици).

7. Кевин Хенкес, „Малечката пластична чанта на Лили“ - Денес беше тежок ден. Утре ќе биде подобар. (Секогаш запомни дека во животот ќе дојдат и поубави денови).

8. Луиз Фитзхју, „Хариет шпионот“ - Понекогаш мораш да лажеш. Но себеси секогаш мораш да си ја кажуваш вистината. ( Секогаш биди искрен со себе).

9. А.А.Милн, „Вини Пу“ - Ти си похрабар отколку што веруваш, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш. (На сите им е потребно признание).

10. Луис Керол, „Алиса во земјата на чудата“ - Знаев која сум ова утро, но од тогаш се променив неколку пати. (Луѓето постојано еволуираат. Прифати го фактот дека работите ќе се променат).
 
Објавено на 21.07.2013 во категорија Култура
Подготвил: Тамара Мисирлиевски / Текстот не е лекториран
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Култура