Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Берза на трудот - Единствен сервис за вработување на вистинските кандидати

 

Интервју: Тихомир Сапунџиски, претседател на "еСвет" и неговото искуство со Берзата на трудот

На Македонија навистина и' беше потребна он-лајн берза на трудот. Доказ за тоа е искуството на „eWorld Community“, кои успеаја да пронајдат соодветни практиканти со помош на берзата на „Факултети“. „еСвет“ пронајде студенти за практична работа преку он-лајн Берзата на трудот. Како поминала работата со практикантите, ни кажува Тихомир Сапунџиски, претседателот на „eWorld community“.
 





Ф: На што работеа студентите?



Т: Здружението за подобро информатичко општество „еСвет“ (eWorld Community), имаше подготвено програма за подобрување на информатичкото општество во Македонија, којашто вклучуваше инволвирање на студенти во средина кај што се работи на професионален начин и изготвување на Агрегатор кој ќе биде од голема помош на граѓаните на РМ. 

Специјалистите од „eWorld Community“ заедно со студентите кој беа вклучени во програмата изработија агрегатор за информации од јавен каракте т.е. Агрегатор кој ќе ги превзема сите информации објавени од државните институции на РМ, ќе ги сортира во одредени категории, и ќе ги известува корисниците на агрегаторот кога никоја институција ќе објави нова информација за која корисникот е заинтересиран. 



Ф: Дали сте задоволни од нивната работа? 

Т: „eWorld Community“ сака да помогне на сите тие што сакат искрено да постигнат нешто и навистина се трудат да го постигнат тоа. Како што знаете, ние организиравме интервју пред да почнеме со работа и се пријавија повеќе од 30 студенти, од кој што едвај издвоивме 8 студенти, кој навистина имаа желба за работа и да постигнат нешто. Од тие 8 студенти сум навистина задоволен од нивната посветеност на работата и желбата да научат нешто повеќе. 



Ф: Лесно ли е да се работи со студенти? 



Т: Како што ви спомнав претходно, тешко е да се најдат студенти што сакаат да научат нешто повеќе и да работат, но беше задоволство да се работи со тие 8 студенти што беа влучени во програмата. 



Ф: Што мислите за Берзата на трудот? 

Т: Дефнитивно одлична работа, највеќе зошто е наменет за точно одредена група на луѓе. 



Ф: Дали таа Ви помогна да ги пронајдете вистинските практиканти? 



Т:  Се разбира. Лесниот и едноставен систем кој ги филтрира потребните профили и искуства на кандидатите за кои компанијата има потреба е доста функционален. Се што треба е да пребарате каков профил на вработен или практикант ви треба и Берзата на трудот ќе ви ги излиста бараните резултати.



Ф: Би ја препорачале ли берзата на останатите компании?



Т: Дефинитивно. Ова е единствениот сервис каде што може да заштедите време за пребарување на кандидати за вработување или практиканти. Ако се земе во предвид фактот дека при конкурс за пракса и вработување добивате стотици маилови од кандидати кои сакаат да конкурираат а имаат несоодветно познавање или образование за позицијата која конкурирале, ова е вистинскиот начин за да ги пронајдете вистинските лица кои и се потребни на една компанија. 

Затоа сакам да им пропрачам на компаниите кои сакаат да ги најдат вистинските кандидати да не се двоумат да го користат овој сервис.



Ф: Дали во иднина планирате повторно да ја користите берзата за да пронајдете практиканти или работници? 



Т: Секако. Ако имам потреба од соодветни кандидати, секако дека би ја користел.

Берзата на трудот секојдневно се зголемува со нови CV-a, така да сега во моментот има преку 3.000 CV-а.

 
Објавено на 24.09.2013 во категорија Интервјуа
Подготвил: Драгана Петрушевска / Текстот не е лекториран
 
 

Препорачани вести од Facebook

Слични вести од Fakulteti.mk

Галерии

Лексикон

Издвојуваме

Интервјуа