Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

Стартуваше регионалниот проект "Balkan Marketing Network"

 


Дел од водечките маркетинг портали во регионот – Marketing365 од Македонија и Marketing mreža од Србија, стартуваа со реализација на проектот "Balkan Marketing Network", кој има за цел афирмација на маркетинг и ПР индустријата, вмрежување и деловно поврзување на сите учесници на регионалниот пазар на комуникации.

“Идејата на самиот проект е да допринесе за развојот на маркетинг и ПР индустријата во регионот како и да поттикне регионална соработка помеѓу агенциите, огласувачите и медиумите. Исто така, преку заедничките проекти кои ќе ги организираме во иднина ќе се трудиме да поставиме нови повисоки стандарди во фелата и истовремено да промовираме позитивни регионални примери од праксата“ , изјави Борис Ефтимовски, основач и уредник на порталот Marketing365.

“Balkan Marketing Network e природен продолжеток на соработката на нашите портали. Следејќи ја индустријата во претходните години, свативме дека на нашите соработници но и на самата индустрија треба да и понудиме нешто повеќе. Нема сомнеж дека само со заеднички снаги и со регионално вмрежување на сите учесници на пазарот можеме да ги подигнеме границите, да ги следиме светските трендови, да оддолееме на предизвиците со кои се соочуваат сите држави од регионот, да развиваме здрава конкуренција а со тоа и да го унапредиме бизнис амбиентот и позицијата на фелата”, изјави Ивана Парчетиќ, основачот и уредник на порталот Marketing mreža .

Иницијаторите на проектот “Balkan Marketing Network“ , веруваат дека ќе ја продолжат успешната соработка со агенциите, огласувачите и медиумите, како од Македонија и Србија, така и со тие од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и Црна Гора – како и со сите други кои сметаат дека ваквата соработка може да им овозможи поддршка и помош, кои веруваат во тоа што го работат, кои имаат што да покажат и кажат, а исто така и сакаат да дадат свој придонес пазарот во регионот да стане подобро место за правење бизнис и на крајот, како такво, да стане конкурентно на европско и светско ниво.

За порталите:

Marketing365 е водечки македонски медиум за маркетинг и ПР индустријата, формиран во 2011 година. Добитник е на признанието за “Најдобар македонски блог за 2011 година“ и “Најдобар балкански блог кој доаѓа од Македонија“. Тимот наMarketing365 е составен од професионалци од самата маркетинг и ПР фела во Македонија.

Marketing mreža е водечки професионален портал во Србија, кој има за цел вмрежување и бизнис-поврзување на пазарот на маркетинг комуникациите. Порталот започна со работа во јануари 2012 година и од самиот почеток е препознат од страна на колегите како релевантен извор на информации од фелата.

За повеќе информации: Борис Ефтимовски boris.eftimovski@gmail.com и Ивана Парчетиќ ivana.parcetic@gmail.com
 
Објавено на 25.11.2013 во категорија Технологија
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook