Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Студенти од ФИНКИ победници на Nordeus Hackathon

 
“Can you make a game in just 24 hours?“ беше слоганот на натпреварот за правење на игри во Белград, организиран од страна на Norderus. Натпреварот се оддржува по трет пат, и оваа година беа пријавени повеќе од 300 заинтересирани кандидати. Од нив беа избрани 12 тима со по 4 натпреварувачи, од кои 3 од Македонија.

илустрација


Тимовите од Македонија кои учествуваа на хакатонот беа тимот Dark-1 во чиј состав беа Кристијан Трајковски (ФИНКИ), Ненад Стојановиќ (ФИНКИ), Марко Зарев и Симон Стојановски (ФОН), тимот Control со Марио Ампов (ФИНКИ), Стојан Димитровски (ФИНКИ), Тамара Димитрова (ФИНКИ) и Дамјан Лозановски (ФОН) и тимот Muted со Никола Калемџиевски (ФИНКИ), Горјан Јовановски (ФИНКИ), Димитар Јованов (ФИНКИ) и Бојан Јаневски (ФИНКИ).

илустрација

 
Тимот Dark-1 ја изработи играта Copper Crown, Control ја изработи играта Clony и Muted ја изработи играта Silent Zombies.
 
Сите тимови успешно ги завршија своите игри и најдобрите беа наградени:

Прво место - Dark-1
Второ место - Pixels Will Be Harmed
Трето место - Lab of Dreams

Originality Award – Control
Innovative Gameplay - SSSM Squad
Technical Excellence - Companion Cubes
People's Choice - SSSM Squad

Повеќе информации и преглед на игрите може да најдете на Фејсбук страната на Нордеус хакатонот.
 
 
Објавено на 17.12.2013 во категорија Технологија
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook