Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Јавен повик за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години

 
Врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување за 2014 година, и Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 12.02.2014 година, објавува

Јавен повик до работодавачите за вработување на невработени лица со субвенционирање (македонски јазик)

Јавен повик до работодавачите за вработување на невработени лица со субвенционирање (албански јазик)


Агенцијата за вработување денеска го објави огласот за субвенционирано вработување на млади лица до 29 години, кој е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2014 година.

Со огласот ќе бидат опфатени дипломираните млади лица до 29 години кои завршиле високо образование во студиската 2012/2013 година. За реализација на оваа владина мерка ќе бидат одвоени еден милион и 170 илјади денари од Буџетот на Република Македонија.

Субвенционирањето ќе биде по моделот 3+6, кој предвидува три месеци субвенционирано вработување со полно работно време и шест месеци обврска на работодавачот да го задржи лицето на работа или на негово место да вработи друго невработено лице. Овие лица ќе примаат месечна бруто плата од 13 илјади денари.

- Околностите наметнуваат постојано да се размислува за нови начини со кои за секоја категорија на невработени лица ќе се отвораат можности за вработување. Не постојат инстант решенија ниту еднократно решение на овој долгорочен проблем. Но, наша задача е системски да ја намалиме невработеноста, а невработените лица да вложуваат во себе постојано и да ги прифаќаат можностите што им ги нуди државата, истакна денеска на прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Покрај ова, денеска се објавени и огласи за обука кај познат работодавач со субвенционирано вработување и обука за занимањата кои се бараат на пазарот на трудот од сообраќајната струка.

Со огласот за првата мерка ќе бидат опфатени околу 170 лица, активни баратели на работа на возраст од 50 до 59 години, млади лица до 29 години со завршено основно или средно образование и долгорочно невработени лица. За реализација на мерката одвоени се 9 милиони 537 илјади денари од Буџетот на Република Македонија.

Обуката ќе трае до три месеци, а работодавачот ќе има обврска да вработи со полно работно време најмалку 50 проценти од оние кои ќе бидат вклучени во обуката. Невработеното лице ќе зема месечен надоместок од 5.700 денари со вклучено осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. По завршувањето на обуката, ќе биде обезбедена субвенција за бруто плата на невработеното лице во висина од 13 илјади денари, а работодавачот ќе мора да го задржи на работа во следните 12 месеци додека трае субвенцијата или на негово место да вработи друго невработено лице.

Со обуката за занимања од сообраќајната струка ќе бидат опфатени 30-тина лица кои ќе се стекнат со правото да полагаат возачки испит за „Д“ категорија, односно за автобус по што ќе имаат можност да се вработат кај превозници кои имаат потреба од ваков кадар.

Директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски истакна дека се работи за пилот мерка и оти во зависност од интересот на невработените и на работодавачите ќе се види дали ќе биде проширен опфатот.

Досега во Агенцијата за вработување се регистрирани 97.852 активни и 122.940 пасивни баратели на работа.

 
Објавено на 12.02.2014 во категорија Конкурси
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook