Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Можете и Вие!

 


Можете и Вие! - мотото под кое е лансирана новата локална кампања на Универзитетот Шефилд

(Скопје, 28.04.2014) – СИТИ Колеџ, Mеѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ја започна кампањата „Можете и Вие!“. Посебноста на кампањата е што експонира успешни дипломци од Република Македонија, прикажувајќи го нивниот просперитет како резултат на стекнатото образование.

Кампањата „Можете и Вие!“ се обраќа на сите што имаат амбиција да го стекнат своето образование на еден од најпрестижните универзитети во светот и со тоа да изградат професионална кариера.

Како дел од оваа кампања ќе ги видиме успешните приказни на неколку дипломци од Република Македонија, меѓу кои: Драгана Чифлиганец како маркетинг директор, Александар Манев како косопственик на медиум, Димитар Никушев како извршен директор и Филип Лунески како менаџер на категорија производи.

„Концептот на кампањата е тесно поврзан со искуствата на успешните дипломци од Универзитетот Шефилд во Република Македонија, кои што ги има повеќе од 850 на број. Во кампањата тие директно ги експонираат нивните постигнувања и успесите на компаниите во кои што работат, со цел да се потенцираат предностите што ги нуди една едукативна институција како што е Универзитетот Шефилд. Сето тоа е проследено со визуелизација на кампусот и студентскиот живот, слика што ја прикажува универзитетската реалност во сета своја мера“, изјави Марија Никовска, од регионалната канцеларија на Универзитетот Шефилд во Скопје.



Универзитетот Шефилд е престижна образовна институција, рангирана во рамките на „Топ 100 универзитети во светот" и меѓу „Топ 10 универзитети во Велика Британија за истражувачка моќ". Според QS ранг листата за 2013 година, Универзитетот Шефилд се наоѓа на 71-та позиција во светот и на 25-тата во Европа. Припаѓа на 1% од „Најдобрите универзитети во светот" и е прогласен за „Универзитет на годината 2011-2012" од страна на TimesHigherEducation. Универзитетот Шефилд има 6 академски факултети; пет факултети се наоѓаат во Велика Британија, а СИТИ Колеџот е 6-тиот, Меѓународен факултеткој се наоѓа во Солун.



 
Објавено на 28.04.2014 во категорија Живот
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook