Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз него и кликнете два пати.
 

На НАСА им е потребна Вашата помош

 

НАСА имаат проблем и потребна им е Вашата помош. Од 1950-те години, агенцијата собрала 1,8 милиони слики од Земјата направени од вселената. Тие бараат помошници за дознавање на нивната локација.


НАСА објавува голема библиотека од слики. 1,3 милион од овие слики биле направени од Меѓународната вселенска станица. Сега, тие бараат помош од јавноста да ги препознаат локациите кои се наоѓаат на фотографиите.

Поголемиот дел од сликите се јасни, но голем дел од нив се затемнети и направени ноќе, па компјутерските системи не можат да ги препознаат местата на нив. Тука доаѓате напомош Вие.

Во соработка со Универзитетот во Мадрид, НАСА сака да препознаете дел од сликите. Може да придонесете за повеќе проекти, меѓу кои оние во кои сликите се со „темно небо“, „ноќни градови“ или „изгубени во ноќта“.

Може да се вклучите во проектот ОВДЕ.


 
Објавено на 22.08.2014 во категорија Наука
Подготвил: Драгана Петрушевска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook