Лексикон: За да го видите значењето на даден збор во рaмките на веста, позиционирајте го покажувачот врз истиот и кликнете два пати.
 

Студентите јасни: не ја прифаќаат одлуката на МОН за државен испит

 

Студентите во Македонија во петокот дознаа дека ќе полагаат државен испит во текот на студиите. Впрочем, тие ќе полагаат државен испит за проверка на знаењето двапати - по втора и четврта година на студирањето.



Првите коментари за оваа одлука донесена од страна на Министерството за образование и наука, а пренесена од Министерот Абдилаќим Адеми, беа полни револт. За време на викендот направивме анкета за да го добиеме мислењето на студентите.

За неполни 48 часа се покажа дека бројот на студенти кои не се согласуваат со оваа одлука е значително поголем од оние кои ја поддржуваат. Поточно, од вкупно 3703 само 277 (7%) читатели сметаат дека полагањето државен испит во текот на студиите е праведно, додека останатите 3426 (93%) се против ова и не го прифаќаат.



Коментарите на студентите кои се против одлуката ја покажуваат несогласноста:

"Ова е во спротивност со сите политики на Владата на Република Македонија која ги води до сега, колоквиумите и кредитите кој студентите ги добиваат од предметите кој ги слушаат се доволни за стекнување услов за наредните години, со воведување на екстерно за високо образование не може ни да се замисли и да се спореди со екстерното во средно и основно образование,со ова ќе се создаде контра ефект и хаос во високото образование, и така големиот стрес од испитите ќе им создаде хаос на студентите, Јас како анкетирано лице сметам дека Владата како и Претседателот на Владата, Премиерот Никола Груевски ќе застане како заштитник на студентите и ќе дејствува по овој предлог кој е надвор од сите граници на нормалата предложено од страна на МОН. На државата им е потребен учен кадар, не дозволувајте со ова екстерно да се создаде апатија спрема високото образование, Владата ги дава сите напори со отварање на универзитети, преведување на стручна литература од странски врвни универзитети и други работи кој допринесуваат за подобро студирање, покрај активностите кој ги имат студентите при студиската година тие имаат и дополнителни активности и членуваат во разни организации кој го поминуваат поголемиот дел од денот да допринесат за подобра иднина и подобра Македонија, но со екстерното тестирање народно кажано се ќе падне во вода, разочарувањето ќе биде од огромни размери покрај сите напори кој ги даваат при студирањето со екстерното тестирање ќе се деградира нивното знаење и дадени средства во текот на студирањето и сето тоа ќе се омаловажи."

"Во втора не би требало да има државен испит, но во 4 би моѓео да има за да се стекнеме со дозвола за работа, како што има на некои факултети. Сметам дека не би требало да има вакви државни испити, од причина што се многу предмети отприлика 20 за полагање, со кредит трансфер систем може да се презапишуваат предмети, па така сите студенти нема да имаат ист екстерен"

"Како тоа од сите предмети кои до тогаш ги полагале? Има студенти на факултетите каде поради предуслови или ограниченост на кредити за еден семестар не успеале да запишат еден или два предмети. Што со тие? За секој посебно треба да се изработува испит. Ептен непотребно е тоа, на крај тие сами се одговорни за професорите што ги вработиле и да ја оценуваат нивната работа преку нас студентите е многу глупаво, сами себе си ги погазуваат изборите создавајќи плус непотредни стресови за студентите"

"Вакви тестирања не се потребни во ни еде степен од образованието од причини што еден тест не е никаков доказ колку некој навистина знае.. За нас студентите е уште потешко.. Зарем ни се малку испитните сесии па и екстерно да се воведува ? Во кој дел од годината би било? Јули? Единствениот месец што го имаме да одмориме.. Од каде плаќаме уплатници за работи што ги немаме ни видено пак уште ова екстерно фалеше... Ех, земјо моја најмила.. Што си била, што те направија.."

"Со овие законски измени нема да се подобри квалитетот на високото образование, пред се ова не се никакви механизми за подобрување на високото образование. Со овие измени, ќе се допринесе сано до поголем (university drop-out). Во истиот момент овие измени се и против конвенцијата за човекови права. Не може никој да му забрани на студентот да прекине со студиите после втора година или на крај пред дипломирање, затоа што не положил некаков си екстерен тест. "

"Подобро е приемен испит на сите факултети отколку екстерно тестирање за студентите од 2 и 4 година. За оние кои што стигнале до 2 или 4 година на факултет и не успеат да го положат екстерниот испит ќе биде залудно трошење на време, финансии, енергија и слични ресурси. Јас мислам дека не е праведно да се воведуваат реформи на "пола пат", бидејќи се губат многу вредности непотребно. Тие што се примени на факултетите без приемен испит ќе си останат примени. Убаво е да се фокусираме на помладите генерации да имаат светла иднина, но под услов да не им ја расипеме иднината на студентите кои се веќе на еден чекор до остварување на нивниот сон и започнување на нивната кариера. Тоа е себична и непромислена постапка."

"Непотребно оптоварување на студентите; многу од пнатамошните предмети на техничките факултети нужно се надоврзуваат на претходно ученото, па оттука и нема логика да се има двојба околу соодветноста на дадената оценка или, пак, на стекнатото знаење. Згора на тоа, нелогично е некој отстрана да оценува универзитетски професори коишто се.."

„Студентите не се експириментални глувци за министерот да експирементира на нив. Повеќе од очигледно е дека министерот си ги лечи своите фрустрации на студентите. Јас би предложил нека направат едно екстерно тестирање на цела владина гарнитура за да видат граѓаните дали се способни или не.“

„Затоа што студентите веќе добиваат оценки. Не може обучен вработен во администрација да знае повеќе од некој што цела кариера ја посветил на истражување на одредено поле. Секој факултет има своја наставна програма и цели на учење.“

„Затоа што уште то му фали на студентите како што имаме мака со некој предмети, што тешко ги земаме предметите и ова да дојди да се полага тешко нас ке биди. Ке се намали бројот на студенти само заради ова работа што го измислува МОН.“

„Зашто државниот испит директно се коси со автономијата на универзитетите која е пропишана со закон. Таа автономија гарантира факултетие да избират како ќе ги тестираат студентите. Нашите факултетие следат веќе *проверени* методи пропишани од ЕКТС кои вклучуваат испити, лабораториски изадачи, домашни изадачи итн.“

„#ПензионерскаДржава.“

„Затоа што Факултет не е задолжителен и е избор на поединецот. И тие не можат да кажат кој може а кој не може да студира.“

„Да стигнам до четврта година на факултет и после ако не го положам испитот да не можам да продолжам ???“

„Затоа што ни професорите 20 предмети наеднаш нема да бидат во можност да ги полагаат.“

„Нека го живеат животот на студентите бар 1 ден без скршен денар, учење од сабајле до вечер и да ги видам дали ќе им одговара законот!!!“

"Let me begin by saying I respect democracy, and the decisions it brings. The problems by standardized testing to be addressed though, are as follows: 1) The subjects the students ought to be tested in twice during the course of their studies are not as interconnected in some areas of study as they are in others, undermining the worth of the students that have opted for such a harder curriculum. 2) It furthers the culture of discrimination already in full swing at the Main State University as it is. 3) It diminishes the professor's authority, therefore subconsciously dictating illicit behavior in the mind which will undermine society. 4) It is unfair to the new students, from the perspective of those of us that have already graduated. 5) The students will be stuck in a memorization routine mentality, their ability to think and understand the complex systems of today will practically vanish, which over time will ensure greater security of the society at the expense of actual qualifications for a competitive market, which in turn will result in 6) a Chinese state capitalism mentality of a population too small to amount to anything globally either way. Good luck"

Има и коментари од студенти кои се согласуваат со одлуката:

„Зашто секој глупак во држвава зема диплома, а на факултет се запишува и ќоро и сакато.“

„Студент сум и го поддржувам овој предлог и не знам зошто се плашат студентите од ваков испит, можеби затоа што поголемиот дел од нив учат на памет и за 2 дена забораваат се..па во тој случај која е целта на факутетот, значи таквите не заслужуваат ни диплома.“

„На ФИНКИ има 5000 студенти, што ќе прават тие студенти после дипломирање!!!!!!!!!“



 
Објавено на 06.10.2014 во категорија Образование
Подготвил: Драгана Петрушевска
 
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Препорачани вести од Facebook

Галерии

Лексикон

Образование