Снежниот фестивал во Бриж, Белгија

Снежниот фестивал во Бриж, Белгија

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Секоја зимска сезона, божиќното чувство започнува да го опколува прекрасниот историски град Бриж, во Белгија. Божиќните пазари започнуваат да се отвораат, а дрвјата се претвораат во високи украси во текот на ноќта.

 

festival


Една работа која дефинитивно мора да се види е фестивалот на скулптури.

Снежниот фестивал за скулптури е годишна традиција која се случува од ноември до јануари. За време на овој фестивал посетителите разгледуваат голем број детално изработени скулптури. Фестивалот се случува на плоштадо во Бриж, непосредно пред зградата на главната станица.

ВО 2012 година темата на фестивалот беше Хари Потер, Господарот на прстените и Хобитот. Изложбата во 2013 година беше базирана на ликовите од Дизни филмот „Frozen“, а оваа година темата е поврзана со „The Land of the Hobs“ на која ќе се појават неверојатни скулптури од џуџиња, самовили, ловци, магионичари и ѓаволски фигури, кои сите живеат во фантазијата - и во студениот свет на бајките.

Доволно детали. Ви ги претставуваме скулптурите од минатите фестивали.

 

Линк до галеријата.