Како да дојдете до одлична онлајн заработувачка?

Како да дојдете до одлична онлајн заработувачка?

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

онлајн

 

Познато е дека во последните 10 години најуспешните фирми во светот се оние кои се занимаваат со новата технологија. Компаниите како Google, Facebooк освен тоа што оствариле огромен профит како компании и што имаат вработени низ целиот свет, исто така создадоа простор за луѓето да заработуваат онлајн.


Денес голем број на луѓе одлучуваат да работат на интернет, бидејќи големи се можностите за заработка. Затоа и ви ги нудиме различните начини преку кои можете да заработувате онлајн.

Freelance страни

Freelance страните им овозможуваат на многу луѓе да ги постават своите огласи за работа за кои сметаат дека се најдобри, а кадешто работодавците секогаш можат да изберат и да ангажираат личност за некоја работа. Freelance услугите се секогаш барани, бидејќи на фирмите кои им излегува проект за кој немаат експерт во својата компанија, им се исплаќа да вработуваат нова личност само поради тој проект. Затоа, тие се обраќаат на овие страни и бараат личност која гарантира дека може да ја заврши работата.

Исто така, фирмите ги поставуваат своите огласи за проекти, кадешто различни луѓе можат да се пријават на конкурс со своја цена, а после самите компании одлучуваат која личност ќе биде ангажирана.

Ваквите работи во поголемите случаи се наплаќаат по саатница, а најбарани за freelance работа се дизајнерите, писателите, програмерите и слично. Саатниците варираат од личност до личност, како и нивното CV. Почетната цена за час е околу 10 долари, а може да биде и над 100 долари.

Денес се` поголем број млади луѓе кои имаат одредено знаење не сакаат да работат за други, туку своето знаење и време да го вложат во лични проекти, а таквите личности во поголемиот дел од случаите создаваат свои онлајн проекти кои со помош на различни CPC и Affiliate програми заработуваат онлајн.

CPC

CPC (Cost Per Click) се мрежи како Google AdSense програмата која ви дава можност на вашите страни да поставуваат банери со кои ќе заработувате на клик.

Google AdSense

Една од најпопуларните CPC мрежи е Google AdSense, која ви дава можност на вашите страни да поставувате огласи. Од секој клик добивате одреден износ, кој варира, како и од географската локација на пазарот. Оваа мрежа е идеална доколку имате страна со голем број на посети. Цените кои Google ви ги плаќа по клик можат да достигнат и до неколку долари.

Affiliate програми

Големите онлајн продавници како што се „Amazon“, „Ebay“, „Alibaba“ и слични, им даваат можност на сите кои имаат веб страна да се пријават на нивната Affiliate програма. Тоа значи дека сите производи кои тие ги продаваат, вие исто така можете да ги промовирате на вашите страни, а за секој купувач кој ќе го однесете на нивната страна, добивате одредена сума на пари.

Една од најпопуларните Affiliate програми е онаа на „Amazon“ кадешто голем број луѓе денес заработуваат неколку илјади или десетина илјади долари месечно, додека постојат одреден број на луѓе кои заработуваат и повеќе од тоа.

Предноста е тоа што колачињата (cookies) на „Amazon траат 24 часа, и ако купувачот купи повеќе различни производи во тој рок, вие добивате провизија за секој производ.

Ова се примери за некои од најпопуларните начини за заработка онлајн, но секако постојат уште многу други начини, и увек се реализираат нови можности за нови начини на заработка, токму преку интернет.