Оглас за вработување во Еуролинк осигурување А.Д. Скопје

Оглас за вработување во Еуролинк осигурување А.Д. Скопје

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д. СКОПЈЕ, ЗА СВОИ ПОТРЕБИ, ОГЛАСУВА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА ЗА АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ГРАДОВИ:

Скопје - 5 агенти, Штип  - 1 агент, Струмица - 2 агенти, Кочани - 1 агент, Охрид - 4 агенти, Кавадарци - 1 агент, Битола - 1 агент и Велес - 1 агент

ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ КАНДИДАТИ ТРЕБА ДА ПОСЕДУВААТ:

-    Силни комуникациски способности за градење долгорочни релации со клиенти и колеги
-    Самоиницијативност кон остварување цели, во зададени рокови
-    Ориентација кон тимска работа
-    Флексибилност кон промени, ведар дух и желба за постигнување одлични резултати
-    Способност за усвојување нови знаења и вештини
(Предност имаат кандидати со претходно искуство во продажба)

ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО/ОДГОВОРНОСТИ:

-    Воспоставување деловен однос со осигуреници
-    Развивање и стекнување на референци и постојано стекнување нови осигуреници
-    Изготвување на понуди за осигурување, полиса и додатоци на истата
-    Одредување на квалитетот на осигурителното покритие
-    Наплата на премија за осигурување
-    Навремена обнова на постојни договори за осигурување
-    Стекнување знаење за најнова техничка опрема која се користи и вештини потребни за својата професија

ЕУРОЛИНК ОСИГУРУВАЊЕ А.Д.СКОПЈЕ ЗА ИЗБРАНИТЕ КАНДИДАТИ ЌЕ ОВОЗМОЖИ:

-    Тренинг за развој на продажни вештини и запознавање со услови за осигурување и тарифи
-    Работа во динамична атмосфера на млади и амбициозни луѓе
-    Конкурентен систем на наградување
-    Минимална месечна плата во висина од 9.590 денари со неограничен потенцијал за раст, според остварена провизија.
-    Работно време: понеделник - петок од 08 до 16 часот
-    Припадност во семејството на најдобрите продавачи на осигурување во земјата

Испратете ваша биографија и писмо за интерес најдоцна до 16.01.2015 на  kariera@eurolink.com.mk или на поштенска адреса: Еуролинк осигурување А.Д Скопје, до: Служба за човечки ресурси, ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје.

Лице за контакт: Ивана Поповска – Блажевска, тел. (02) 32 89 315.
Рок за избор на кандидати: 30 денови    
Пристигнатите апликации после наведениот рок како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.