Мексиканските наставници ги окупираа аеродромите во знак на протест против образовните реформи

Мексиканските наставници ги окупираа аеродромите во знак на протест против образовните реформи

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Образовните реформи спроведени од страна на десничарската влада на Енрике Пења Нието предизвикаа голем број протести низ Мексико.

 

meksiko


Наставниците од јужната мексиканска држава Оахака во саботата окупираа три аеродроми, вклучувајќи го и оној во главниот град како и аеродромите во Хуатулко и Порто Ескондидо и уште неколку бензиски пумпи на различни области, во знак на протест против неодамнешните реформи во образованието.

Блокадата на аеродромите траеше повеќе од шест часа, предизвикувајќи одложување на многу летови. Демонстрантите протестираа против преземањето на контролата на федералната влада врз исплатата на платите на над 80.000 вработени во образовниот сектор во Оахака.

„Ова е против интересите на наставниците“, вели Мохамед Отаки Толедо, портпарол на локалниот огранок на Националниот координатор на просветните работници (CNTE). Уште една од главните грижи на CNTE е фактот дека образованието повторно се централизира, што се смета за чекор назад во модернизацијата на земјата. Владата одговори на овие тврдења, велејќи дека CNTE е повеќе загрижена дека нема да може да практикува непотизам.

Наставниците и другите демонстранти исто така ги окупираа и автобуските станици и патарините на автопатите на Оахака, и ги искористиле автобусите да ги блокираат патишата од различни региони од државата. Окупирани биле и трговските центри и други бизнис зони, како и федерални канцеларии, со цел да се натера владата да се согласи да ги започне преговорите.

Националната унија на наставници ја обвини владата на Оахака дека продолжила со централизирање на исплата на платите и покрај фактот што реформите во образованието се`уште не се одобрени.

На 7 јануари, Државниот завод за образование во Оахака информираше дека федералната влада ќе отпочне со спроведување на централизирано плаќање, во согласност со договорот со унијата на наставниците.

Меѓутоа, портпаролот Толедо вели дека оваа мерка не е одраз на договорот со оглед на тоа што централизацијата се наметнува, во обид да се наметне целата образовна реформа.

Тој дадава дека протестите продолжуваат, и дека следната недела унијата ќе дефинира план.