Нова алатка која помага при изучување на јазик

Нова алатка која помага при изучување на јазик

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

duolingo

 

Познатата платформа за изучување на јазик „Duolingo“ минатата недела ја објави новата алатка наречена „Duolingo for schools“.


Алатката им овозможува на наставниците да го следат напредокот на нивните ученици на популарната „Duolingo“ апликација. Исто така, алатката ќе идентификува различни модели на начин на кој поединците учат и реагираат соодветно за да ја зајакнат областа која ја изучуваат. Технолошкиот „придружник“ на „Duolingo“ ќе им помогне на наставниците да ги разберат потребите на нивните студенти толку детално што претходно било невозможно.

За сите оние кои не се запознаени со „Duolingo“, ова е одлична веб алатка и мобилна апликација за изучување на нов јазик. „Google“ ја избра за најпопуларна образовна апликација за 2014 година затоа што нуди голем избор на активности за превод преку кои учениците можат да го вежбаат новиот јазик кој го изучуваат. Исто така, оваа алатка им дава можност на учениците да преведуваат текстови од реалниот свет на јазикот кој го изучуваат и со тоа да им помогнат и на другите ученици.