Владата на Република Македонија има потреба од...
Канциеларијата на Претседателот на Владата на Републина Македонија објавува Оглас за пројавување на интерес за кандидати за позициите
1. Одговорно лиие за следење на проекти (повеќе места) и
2. Администоативен асистент
во Секторот за следење на спроведувањето на Програмата на Владата на РМ, во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија
Ги охрабруваме да аплицираат сите заинтересирани кандидати кои сакаат да придонесат во спроведувањето на значајни структурни реформи во земјата и остварување на проектите на Владата на Република Македонија, а воедно веруваат во сопствениот капацитет, поседуваат одлични организациски вештини, имаат способност за тимска работа и подготвени се за целосна посветеност, силен ангажман и големи предизвици.
Кпучни задачи и одговорности на позицијата бр.1
Следење на процесот на реализација на проектите врз однапред утврдена, прецизна и објективна методологија
Теренско набљудување на проектите со изработка на квантитативна и квалитативна анализа
Давање на предлози и препораки за забрзување на динамиката на реализација
Соработка, поддршка и препораки на институциите за надминување на препреките при имплементација на проектите
Клучни задачи и одговорности на позицијата бр. 2:
Организирање и координирање на административна работа во секторот
Средување, сортирање и изработка на целосната документација за непречено работење на секторот
Изработка на извештаи, анализи и презентации поврзани со тековното работење
Заинтеиесираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услџви:
Да се државјани на Република Македонија;
Да имаат завршено високо образование од областа на економските, правните, техничките, природни науки или завршени академски студии 240 ЕКТС, односно најмалку VI Б ниво согласно со Националната рамка на високообразовните квалификации;
Да имаат одлични компјутерски вештини и одлично познавање на англискиот јазик;
Да имаат минимум три години работно искуство од областа на управување со проекти (за позицијата под реден број 1) АПЛИЦИРАЈТЕ не подоцна од 21 јануари 2015, единствено со пополнување на електронската апликација која може да се најде на веб страната на Владата на Република Македонија
Сите пријавени кандидати имаат ЕДНАКВИ ШАНСИ да бидат примени согласно нивните способности, образование, искуство и личен капацитет. без разлика на полова, верска, партиска и национална припадност, имотна состојба и други лични околности. Ќе бидат ангажирани само НАЈСПОСОБНИТЕ и НАЈСООДВЕТНИТЕ кандидати за позицијата за која се аплицира. Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ке влијае негативно во формирањето на финалната оценка за кандидатот. Ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска на Владата на Република Македонија, но со цел да се даде шанса на што поголем број на способни луѓе, Владата се одлучи на ваков чекор.