Временска прогноза - Какво време не очекува на почетокот од оваа недела?

Временска прогноза - Какво време не очекува на почетокот од оваа недела?



Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде облачно со врнежи од дожд и снег и само од снег. Попладне врнежите ќе престанат и постепено разведрување. Ќе дува засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 4°C степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 1°C односно до 7°C.

Во Скопје во утринските и претпладневните часови со врнежи од снег кои попладне ќе престанат и постепено разведрување. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 1°C, а максималната дневна до 4°C.

Во Македонија по студеното утро во вторник ќе биде сончево и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -9°C до -1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 2°C односно до 10°C.

Во Скопје по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -5°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 6°C.

Weather4all.com.mk