Поглед во

Поглед во "Шарли Хебдо" - Неговото создавање и креативен процес

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Пред една недела, светот го потресе ужасната вест за терористичкиот напад врз Париз, поточно врз редакцијата на сатиричниот весник „Шарли Хебдо“.

 

1


Денес светот сочувствува со храбрите луѓе кои загинаа за слободата на говорот. Сите ги имаме видено и ги знаеме примероците од нивните сатирични карикатури. И читаме како голем дел од медиумите се исплашени да ги испечатат. Но, што знаеме за „Шарли Хебдо“ и неговите вистински карикатуристи кои го создадоа весникот онаков каков што е? Што знаеме за нивните сатирични амбиции и нивниот креативен процес? Искрено, не многу.

Во краткиот документарец подолу, снимен во „Шарли Хебдо“ во 2006 година од Џером Ламберт и Филип Пикард помага да се пополнат празнините. Видеото прикажува неколку од карикатуристите и уредниците убиени минатата недела.

Овие карикатуристи ги претворија „провокацијата и лошиот вкус“ во интересна француска форма на политичка сатира. Постои една стара париска традиција на дрзок хумор кој не почитува ништо и никој, која се навраќа на Француската револуција. Тоа е една анархично популистичка форма на вулгарност, која има за цел да намали било што што ќе се подигне како преподобно, свето и моќно и е насочено против авторитетот, хиреархијата и против претпоставката дека  поединец или група имаат ексклузивно поседување на вистината. Оваа традиција ќе продолжи следната недела кога „Шарли Хебдо“ и преживеаните вработени ќе објават еден милион копии од нивното следно издание.