Зошто трчаме поспоро во соништата?

Зошто трчаме поспоро во соништата?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Знаете како да трчате. Сепак, кога се наоѓате во сон, трчањето изгледа како тешка задача. Се чувствувате немоќно, уморно и принудени да го туркате телото низ невидлива пречка. Исто како да трчате успорено. Зошто се случува ова?


Некои истражувања велат дека можеби нашите соништа се одвиваат успорено. Даниел Ерлакер, психолог од Универзитетот во Берн во Швајцарија, спровел експеримент за анализа на мозочната активност за време на спиењето.

Тој работел со луѓе кои се способни за луцидно сонување за да добие најточни резултати. Кога Ерлакер побарал од нив да направат активност во сонот, тие ги извршувале активностите за 50% подолго време отколку додека биле будни.



Но, колку е често спорото трчање во соништата? Ијан Волес, психолог и експерт за соништа, вели дека е популарно, но не толку често. Тој анализирал приближно 200.000 соништа на неговите клиенти и успореното трчање е 55-то најчесто. Тој вели дека луѓето сонуваат и како трчаат со нормална брзина, па дури и со поголеми брзини од границите на возможното.

Тој нуди објаснување за спорото трчање во соништата. Имено, според него, нозете ја претставуваат водечката сила во животот. „Кога чувствувате дека нозете ви одат поспоро, тогаш чувствувате дека нешто ве успорува во напредокот во животот“.