Нова корисна опција на

Нова корисна опција на "Фејсбук"

Подготвил: Драгана Петрушевска

Отсега, секое исчезнато дете ќе се бара од страна на 1,35 милијарди луѓе.


Толкав е моменталниот број корисници на социјалната мрежа „Фејсбук“. Последната новост од компанијата се известувањата на почетната страница со кои сите корисници ќе дознаваат за исчезнати или киднапирани деца во близина.

Социјалната мрежа ќе соработува со Националните центри за исчезнати и киднапирани деца за да известува за случаите во регионите каде се спроведува истрагата. Известувањата ќе се појавуваат на мобилните уреди, како и на компјутерие, со фотографии и други дозволени детали, кои ќе може да се споделуваат понатаму со сите пријатели.

Од „Фејсбук“ велат дека инспирацијата за оваа новост пристигнала од случај кога еден сопственик на мотел препознал девојче кое го видел на фотографија објавена на социјалната мрежа и и' помогнал на полицијата во нејзиното спасување.