Тест: Дознајте каков е Вашиот карактер

Тест: Дознајте каков е Вашиот карактер

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Овој тест ви го открива вашиот карактер врз основа на положбата на рацете и гестикулацијата. Доста е едноставен и краток, такашто во четири чекори можете да дознаете за вас. Важно е точките да ги изведувате без многу размислување. Земете хартија и пенкало и започнете.

 

5


1. Ставете ги прстите од рацете како на сликата подолу.

 

1


Ако палецот од десната рака ви е над левиот, напишете D, а ако палецот од левата рака ви е над палецот од десната рака, напишете L.

2. Насочете го прстот кон невидлива цел со едно затворено око.

 

2


Ако притоа го искористивте левото око, а десното ви е затворено, напишете L, a aко е обратно напишете D.

3. Прекрстете ги рацете на градите.

 

3


Ако левата рака ви е над десната, напишете L, а ако десната ви е над левата напишете D.

4. Ракоплескање.

 

4


Ако левата рака е поактивна напишете L, а ако десната е поактивна напишете D.

Резултати

DDDD - Станува збор за конзервативна личност која не сака расправии и флертување.
DDDL - Неодлучна личност.
DDLD - Комуникативна личност, одлучна, со одлична смисла за хумор и уметност.
DDLL - Ретка комбинација. Слични особини како претходната, одлична смисла за хумор, единствено што оваа личност е помека.
DLDD - Спој на интелигенција и мекост. Оваа личност потешко стекнува навики, тешка е за однос, толерантна е и малку ладна.
DLDL - Ретка комбинација. Станува збор за личност која на некој начин е беспомошна и лесно паѓа под туѓи влијанија.
LDDD - Емотивна личност, недостаток на сила и упорност кога станува збор за важни прашања.
LDDL - Мек карактер, наивна личност која потпаѓа под туѓо влијание.
LLDD - Наклонетост и едноставност, дисперзија на интереси и суровост кон себеси.
LLDL
- Рамнодушност, наивност и индиферентност.
LLLD - Емоционалност, енергичност и решителност.
LLLL - Либерална личност која способна е да го согледа правилното од неправилното. Силно емотивна, со вроден индивидуализам, егоизам и тврдоглавост.
LDLD - Доста силен карактер, невозможен за промена, енергична личност и упорна во постигнувањето на целите.
LDLL - Слично како претходниот карактер, малку помек, склон кон самоанализа. Има потешкотии во стекнувањето на пријатели.
DLLD - Личност која знае да избегне конфликти и е доста комуникативна. Исто така, често го менува хобито.
DLLL - Независна личност којашто се` сака да направи сама.