Повик за волонтери на "Експо Милано"
Европската унија им нуди на сите млади Европејци можност за учество на историски настан „Експо Милано 2015“ на кој ќе помагаат во спроведување на активностите.
Се бараат 900 млади луѓе кои имаат страст за Европа и сакаат да бидат волонтери на настанот. Кандидатите треба да се на возраст од 18 до 30 години, да знаат англиски јазик и да имаат основно знаење од италијанскиот јазик. Одбраните кандидати ќе бидат ангажирани во период од 14 или 15 дена, најмногу 5 часа дневно. Волонтерската работа ќе се одвива во период помеѓу мај и октомври.
Покриени се трошоците за храна и патување во градот, а ќе биде обезбедено сместување по пристапни цени. Пријавувањето трае до 1 мај.
Повеќе информации пронајдете
ОВДЕ.