Што е Меѓународното студентско движење?

Што е Меѓународното студентско движење?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Накратко, се работи за платформа создадена за обединување груи и движења кои се борат против комерцијализацијата и приватизацијата на јавното образование во целиот свет.


Што е „Меѓународно студентско движење“?

Меѓународното студентско движење е платформа која се користи од страна на групи и активисти од целиот свет во борбата против комерцијализацијата и приватизацијата на јавното образование. Платформата се користи за поврзување и организирање заеднички проекти.

Платформата е независна од било која политичка партија, унија или друга институција. Таа е отворена за секого: студенти, ученици, професори, родители, работници...

Силите кои водат кон комерцијализација на образованието се наоѓаат на глобално ниво. Борбата против ова мора да биде глобална, исто така.

Меѓународното студентско движење ги користи следниве алатки:

- Оваа интернет-страница;

- Форумите на интернет-страницата;

- Електронска пошта;

- Редовни меѓународни онлајн-разговори (1-2 пати месечно, деталите се договараат преку електронска пошта).