Стипендии за докторски студии во Нов Зеланд

Стипендии за докторски студии во Нов Зеланд


Универзитетот „Викторија“ доделува стипендии за младите професионалци кои сакаат да започнат докторски студии. Стипендиите се доделуваат за студирање на универзитетот во Велингтон.

Стипендистите ќе имаат и пракса на универзитетот додека студираат. Наградите се доделуваат за меѓународни студенти од секоја дисциплина. Годишната сума на стипендијата изнесува 23.500 долари, а се покриваат и трошоците за школарината покрај стипендијата за живот. Стипендиите се доделуваат во период од три години.

Пријавувањето трае до 1 март. Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.