Аргентина, земјата отруена од

Аргентина, земјата отруена од "Монсанто"

Подготвил: Драгана Петрушевска

Американската биотехнологија ја претвори Аргентина во трет најголем производител на соја во светот, но хемикалиите кои го предизвикаа овој пораст предизвикаа и нешто друго. Тие ги заразија домовите и училниците и водата за пиење во нив.


Сè повеќе доктори и научници предупредуваат дека неконтролираната употреба може да предизвика бројни здравствени проблеми кои веќе се појавија низ болниците во оваа земја. Бројот на заболени фармери од рак е два-четири пати поголем на фармите каде се произведува сојата отколку во остатокот од земјата.

Наташа Писаренко од „Associated press“ поминала месеци фотографирајќи ги фармерите ширум Аргентина за да го покаже проблемот. Иако повеќето делови од Аргентина забрануваат прскање пестициди и агрохемикачии во близина на домовите и училиштата, новинарите од „Associated press“ нашле многу случаи каде овој закон е прекршен.





Во последните 20 години, прскањето агрохемикалии се зголемило осумпати во Аргентина. Глифосатот, најважниот елемент во производите од „Монсанто“, се користи 8-10 пати повеќе отколку во САД. Резултатот е катастрофален.

Фармерите мешаат отрови без заштитна опрема, течноста од прскалките стигнува до училиштата и домовите и се пушта на водата, а селаните чуваат вода во садови во кои претходно биле чувани пестициди. Лекарите предупредуваат дека ова можеби е причината за сè поголемиот број здравствени проблеми во земјата.