Научниците долго време грешеле за точната локација на Сатурн

Научниците долго време грешеле за точната локација на Сатурн

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

planeta

 

Доколку погледнете во мапата на нашиот Сончев систем, можеби ќе се чувствувате горди што знаете точно каде се наоѓа Сатурн. Меѓутоа, сосема нова ултра-прецизна мерка која ја следи локацијата на планетата до нејзината точна точка во вселената покажува дека грешиме, можеби околу 160 километри.


Претходните мерења на научниците доаѓале од набљудувањата преку телескопите на Земјата. Користејќи податоци од мисијата Касини во комбинација со радио телескопите наречени „Very long baseline array“ НАСА неодамна беше во можност да ни даде точно читање и за Сатурн и за нејзините месечини во радиус од две милји од нивните локации во вселената со што ги победи претходните мерења за 50 пати.

Сега кога имаме неверојатно точни податоци, што научниците можат да направат со нив? Одговорот е: многу. Тие можат да прават подобри набљудувања, поточни предвидувања, а највозбудлив од сите тие е предлогот на НАСА дека може да се искористи за навигација на идните меѓупланетарни летала.