Оглас за вработување во Крин КГ

Оглас за вработување во Крин КГ

„Крин КГ“ ДОО денес е водечка фирма во Македонија на полето на експлоатација, преработка и вградување на украсен камен - гранит.

Во сопственост на фирмата се двата најпознати и најразработени лежишта за експлоатација на гранитни блокови, попознати по комерцијалните имиња „Розе Крин“ и „Мариово Крин“.
Со цел за понатамошната преработка на гранитни блокови и добивање на финални производи, фирмата располага со сопствени производни капацитети, фабрика во која е имплементирана најсовремена италијанска технологија, и каде се одвиваат сите фази од преработка на гранитотѕ по светски стандарди. www.krinkg.com

Крин КГ ДОО Прилеп, има потреба од еден оператор со ЦНЦ машина со ДОБРО познавање на AutoCad, со или без работно искуство. Сите заинтересирани кандидати моѕат да испрата кратка биографија на krinkg@krinkg.com.mk или да достават лично во просториите на КРИН КГ ДОО.