Волонтирајте на Бриселскиот форум на светски лидери

Волонтирајте на Бриселскиот форум на светски лидери


Канцеларијата на „Маршал фонд“ од САД во Брисел бара волонтери за работа на форум кој ќе се одржува од 20 до 22 март. Се работи за годишен состанок на највлијателните американски и европски политички и интелектуални лидери кои разговараат за предизвици со кои моментално се соочуваат двете страни од Атлантикот.

Волонтерите ќе работат како административна и логистичка поддршка. Кандидатите треба да зборуваат течно англиски јазик, да имаат интерес во проблемите во САД и Европа и мотивација за работа. Волонтирањето не е платено, но ќе биде обезбедена храната за време на престојот.

Пријавувањето трае до 6 февруари. Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.