ШПАРКАСЕ БАНКА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ, дел од групацијата Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, како комерцијална банка на македонскиот финансиски пазар, ги нуди сите современи и високо квалитетни финансиски производи и дава поддршка на физичките и правни лица, со особено внимание кон малите и средни трговски друштва.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје за своите потреби огласува слободнa работнa позициja:
САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОЛАТЕРАЛИ, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ
(1 позиција, неопределено време со пробна работа во траење од 6 месеци)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
• ВСС, правен факулетет;
• Положен правосуден испит;
• Најмалку 5 години работно искуство на работна позиција поврзана со воспоставување на колатерали во банкарскиот сектор;
• Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
• Одлично познавање на англиски јазик, предност имаат кандидатите кои го познаваат и германскиот јазик;
• Познавање на законската регулатива /прописите, познавање на процесите во банките и на регулативата на НБРМ;
• Добри организациски и комуникациски вештини, вештини за самостојно планирање и одлучување, способност за проценка на ризиците, способност за работа под притисок, независност, интегритет, доверливост, лојалност, развиени вештини за преговарање, ориентираност кон постигнување цели и тимска работа, работа во динамична средина;
• Возачка дозвола за Б категорија.
Опис на работното место/одговорности:
• Анализа на формалните, правните и вредносните аспекти на понудените колатерали;
• Изготвување на прелиминарно и финално мислење за можноста на воспоставување на инструментите за обезбедување (правен и економски аспект);
• Изработка на извештаи и администрирање на базата на колатерали во Банката;
• Евалуација и репроценка на колатералите по потреба;
• Иницирање на корективни активности поврзани со колатералите;
• Одговорност во врска со навремено впишување на заложно право, евидентирање во систем, верификација, бришење и затварање на колатерали;
• Реализирање на патувања и посета на клиенти од Банката.
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата: 43.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА НАПЛАТА НА КОРПОРАТИВНИ И МИКРО КЛИЕНТИ - ПРАВНИК, СЕКТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ
(1 позиција, определено време во траење од 6 месеци, со можност за продолжување на договорот на неопределено време)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве
• ВСС, правен факулетет;
• Положен правосуден испит;
• Од 3 до 5 години работно искуство во банкарскиот сектор или работно искуство во адвокатска канцеларија;
• Одлично познавање и работа на компјутер (MS Office и Outlook Express);
• Одлично познавање на англиски јазик, предност имаат кандидатите кои го познаваат и германскиот јазик;
• Познавање на законската регулатива /прописите, познавање на процесите во банките и на регулативата на НБРМ;
• Добри организациски и комуникациски вештини, вештини за самостојно планирање и одлучување, способност за работа под притисок, вештини за трансфер на знаење, развиени вештини за преговарање, ориентираност кон постигнување цели и тимска работа, работа во динамична средина;
• Возачка дозвола за Б
Опис на работното место/одговорности:
• Спроведувањето на активностите и учество во процесот на наплата во рамките на Дирекција за наплата и управување со преземен имот како и активности за избегнување
и/или минимизирање на потенцијалните загуби за Банката;
• Спроведува детална анализа на случаи од доделеното портфолио, презема мерки за отстранување на недостатоците;
• Ја претставува банката пред клиентите во случаи кога има преземени правни дејствија кон одредени клиенти;
• Асистира во подготовката на одлуката за поведување стечај и отпочнување правна постапка за продажба на колатералите со цел наплата на долговите и ги доставува до
соодветните нивоа на одлучување за конечно одобрување и овластување;
• Презема мерки кон клиентите, ангажиран е за изнаоѓање решенија за доброволно плаќање на обврските од страна на клиентот;
• Активна комуникација со надворешни правни советници, и други соработници во работите на Банката, собирање, обработка, подготовка и обработка на документација,
судски случаи, извршувањето, итн;
• Подготвува извештаи во рамките на системот на известување на Банката;
• Реализирање на патувања и посета на клиенти од Банката.
Работно време: дневно од 08:00 до 16:00 часот, 40 часа неделно, од понеделник до петок, работа во една смена – претпладне.
Почетна основна месечна нето плата: 32.000,00 денари.
Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пристигнати апликации.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) и придружно писмо со наведување на работното место и доказ (уверенија,дипломи, препораки) за исполнување на условите, по пошта или да ги достават лично документите на адреса: ул.Македонија 9-11, Скопје, најдоцна до 26.01.2015 година.
Само апликациите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови поткрепени со докази ќе бидат повикани на тестирање и интервју.
Пристигнатите апликации после наведениот рок, апликации пристигнати по e-mail, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување.