Германија: зголемени хонорари, но и зголемени трошоци за живот

Германија: зголемени хонорари, но и зголемени трошоци за живот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Воведувањето закон за минимален хонорар од 8,50 евра за час започнува да влијае на цените во цела Германија. Компаниите кои не можеле да си дозволат толкав хонорар сега имаат дополнителни трошоци, што се одразува на цената за потрошувачите.


Најтешко е за малите фирми кои се занимаваат со услуги, посебно на истокот од земјата - објаснува експертот за пазар на труд Карл Бренке од Германскиот институт за економски истражувања.

Како што пишува „Die Welt“, минималниот хонорар најмногу влијае на таксистите. Во Дортмунд цените веќе се зголемени за 18%, а во Хамбург за 8%. Во Есен, Штутгарт и Хановер е забележано зголемување за 20%, а во Дизелдорф за дури 25%.

На удар се и поштите во руралните места. Поради тоа, би можело да дојде до укинување на поштата во помалите места. Приватните фирми кои нудат поштенски услуги веќе ги зголемиле цените за 15% - вели Андреас Шуман, претседател на Здружението на поштенски, курирски и експрес-услуги.

На истокот од земјата ќе дојде до пораст на цената во пекарските производи. Претседателот на Средишното здружение на германски пекари, Питер Бекер, вели дека цената на производите ќе порасне за најмалку 10%.

Ќе растат цените и во цвеќарниците, хотелите и кетеринг-службите.