Како најлесно да дознаете нечија лозинка

Како најлесно да дознаете нечија лозинка

Подготвил: Драгана Петрушевска


Изминатиот месец, Џими Кимел излегол на улиците на Холивуд за да ја истражува безбедноста на интернетот помеѓу денешните корисници. Тоа го правел со едноставно прашување непознати луѓе за нивните лозинки.

Дел од луѓето не ги откриле своите лозинки директно, но лесно можело да бидат откриени со прашањата поставувани од страна на Кимел. Сериозно, доколку вашата лозинка е „лозинка“ или комбинација од вашиот роденден и името на миленичето, време е да ја промените!