Оглас за вработување во Општина Карпош

Оглас за вработување во Општина Карпош

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) 

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 30/2015
за вработување на 10 државни службеници во Општина КАРПОШ за следните работни места: 

1. Советник за правни работи и застапување, Одделение за правна заштита, Сектор за правни работи (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - Правен факултет/правни науки со положен правосуден испит
- работно искуство од најмалку 3 години во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа.
Плата: 24.997,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Виш соработник - комунална евиденција, Одделението за комунална инспекција, Сектор инспекторат (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени, природно - математички или технички науки
- работно искуство од најмалку 2 години во струката
- работа со компјутери
- возачка дозвола”Б” категорија
Плата: 23.231,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

3. Виш соработник за изготвување на техничка документација за спроведување на урбанистички планови, Одделение за спроведување на урбанистички планови, Сектор за спроведување на урбанистички планови и постапка за експропријација на недвижности (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - архитектонски или градежен факултет
- работно искуство од најмалку 2 години во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 23.231,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

4. Виш соработник за финансиска контрола, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Економски факултет
- работно искуство од најмалку 2 години во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
- способност за решавање конфликти
Плата: 23.231,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

5. Виш соработник за развој на информациони системи, Одделение за развој на информациониот систем, Сектор за информатичка технологија (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Природно-математички или технички науки
- работно искуство од најмалку 2 години во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 23.231,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

6. Соработник за поддршка на граѓани со посебни потреби, Одделение за детска заштита, социјална заштита и здравствена заштита, Сектор за дејности од јавен интерес (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Факултет за социјална работа и социјална политика
- работно искуство од најмалку 1 година во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 22.474,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

7. Соработник за планирање на локален економски развој, Одделение за локален економски развој, Сектор за развој на општината. (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Општествени науки
- работно искуство од најмалку 1 година во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
- искуство во спроведување проекти
Плата: 22.474,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

8. Помлад соработник за контрола за извршување на буџет на општински буџетски корисници за сметките на самофинансирачки активности, Одделение за буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања (1)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 180 ЕКТС - Економски факултет
- без работно искуство
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
- способност за решавање конфликти
Плата: 20.961,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

9. Самостоен референт за администрирање на работите на урбаните и на месните заедници, Одделение за прашања од областа на месната самоуправа, Сектор за поддршка на Градоначалникот. (1)извршител(и);
- Средна стручна спрема (IV)
- работно искуство од најмалку 3 години во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 15.663,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

10. Референт за обработка на податоци за ГИС, Одделение за ГИС, Сектор за информатичка технологија (1)извршител(и);
- Средна стручна спрема (IV) - техничка или општа насока
- работно искуство од најмалку 1 година во струката
- работа со компјутери
- способност за тимска работа
Плата: 14.149,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 07:30 до 15:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Општина КАРПОШ заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 30/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk.