Откриено специјалното издание на мегапопуларната

Откриено специјалното издание на мегапопуларната "Game of thrones"

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

сноу

 

Доколку мислите дека новото специјално издание на „Game of thrones“ не заслужува возбуда, тогаш „you know nothing, Jon Snow“.


После многу шпекулации, НВО конечно објави дел од „Game of thrones: A day in the life“, што треба да излези во февруари. Специјалното издание, кое беше објавено на почетокот на годината, ќе служи како документарно покривање на еден ден од 5-та сезона во три различни земји. Како дополнување на Шпанија, за која се верува дека ќе служи како дом на Дорн, другите земји се Северна Ирска и Хрватска. Документарецот ќе ни овозможи да ѕирнеме „внатре“ и да ги запознаеме луѓето кои на серијата и` даваат живот.

Новата специјална епизода која ќе трае половина час треба да излезе на 8 февруари, но ако не можете да почекате дотогаш, можете да се регистрирате за да ѕирнете нешто од 5-та сезона.