Потпишани указите за законите за образование од страна на Иванов

Потпишани указите за законите за образование од страна на Иванов

Подготвил: Драгана Петрушевска

Доколку досега се надевавме во претседателот за помош во спречувањето на стапување во сила на законите за образование, овие новости се разочарување за сите.


Имено, претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, денес ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, кои беа донесени од страна на Собранието на 14 јануари годинава.

Кабинетот на претседателот соопштува дека оваа мерка е резултат на извршените анализи и консултации, по кои е констатирано дека земјата има потреба од трансформација на високото образование и студенти и професори кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар на знаење.

- Претседателот Иванов доби цврсто уверување од предлагачот на законите дека во наредниот период ќе биде организирана сеопфатна стручна расправа за најсуштествените прашања од сферата на високото образование со релевантните субјекти од оваа област, претставници на студентите и меѓународни експерти за високо образование. Од сите овие активности и инклузивен дијалог ќе произлезе целосно нов закон за високо образование, стои во соопштението од Кабинетот.