Времето денес и прогноза за утрешниот ден

Времето денес и прогноза за утрешниот ден



Во Македонија во среда во утринските и претпладневните часови со локални врнежи од дожд се очекуваат во северозападните, западните и југозападните предели кои попладне ќе престанат и услови за сончеви периоди. Во останатите предели умерено облачно во текот на целиот ден. Умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринската температура од 1°C до 8°C степени, а максималните дневни ќе достигнат до 6°C односно до 14°C степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ке се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 4°C, а максималната дневна до 10°C.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 0°C до 7°C, а максималните дневни ќе достигнат до 7°C односно до 15°C.

Weather4all.com.mk