Инвестициската група

Инвестициската група "Solway" најави инвестиции во Македонија

Подготвил: Драгана Петрушевска

Меѓународната инвестициска група „Solway“ штотуку ги објави своите планови за инвестиција во земјава.


Мисијата на „Solway“ е подобрување на квалитетот на живот во регионите каде инвестира преку создавање побезбедни работни места, имплементација на социјалната и образовна инфраструктура и грижа за околината.

Од 2005 година, инвестициската група инвестирала повеќе од 60 милиони евра во рудниците „Саса“ и „Бучим“. Во 2014 година, беше завршен инвестицискиот проект од 18 милиони евра за подобрување на опремата и условите за работа на нови места во „Саса“. Новата инвестиција ќе отвори работни места за приближно 50 луѓе.

Парите планирани за понатамошна инвестиција во Македонија од страна на „Solway“ се во износ од 12,8 милиони евра (10,9 милиони евра за „Саса“ и 1,9 милиони евра за „Бучим“).

Инвестициската група работи на меѓународно ниво, а својот капитал го добива од ЕУ. Нивните инвестиции најчесто се фокусираат на рударскиот сектор, но и комерцијални недвижнини и информатички технологии. Моментално групата работи на проекти во Македонија, Украина, Индонезија и Гватемала.