Летна пракса во

Летна пракса во "МУНИПланет", Белград


„МУНИПланет“ нуди уникатно летно искуство за младите луѓе од целиот свет. Праксата која се нуди е во Белград, а трае од 4 до 6 недели и е целосно финансирана.

Практикантите ќе работат на бизнис предизвици во маркетинг индустријата. Кандидатите треба да бидат студенти или дипломирани, да имаат разбирање од социјалните медиуми, да зборуваат англиски јазик. Покриени се патувањето, сместувањето, здравственото осигурување и џепарлак.

Пријавувањето трае од 26 јануари до 1 март. Повеќе информации пронајдете ОВДЕ.