Апликација која ви плаќа да зборувате

Апликација која ви плаќа да зборувате

Подготвил: Драгана Петрушевска

Нова апликација за телефон ветува дека на корисниците ќе им плаќа до 30 фунти месечно (2.400 денари) за правење повици.


„Call rewards“ плаќа 2 пени за 10-минутен повик. Згора на тоа, самата апликација е бесплатна за преземање.

Откаде доаѓа овој „изум“ и како функционира?

Апликацијата ќе заработува пари, несомнено. Тоа ќе го прави со насочување на повиците преку број во сопственост од компанијата „Big Blimp“. Оваа компанија го поседува бројот, па мобилната телефонска мрежа му плаќа за управување со повикот, а процент од тоа ќе биде наменет за корисникот.

Покрај овие детали, корисникот нема да забележи никаква разлика во бројот кој го гледа. Сервисот ќе може да биде искористен со договор или плаќање веднаш. Корисниците ќе може да заработуваат за најмногу 600 минути месечно.