Оглас за вработување во ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р. М- Скопје

Оглас за вработување во ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р. М- Скопје

Врз основа на член 23 од Законот за работни односи Службен весник на Република Македонија бр. 145/2014), член 34 од Стаутот на ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р. М- Скопје, a согласно Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места, како и Согласност од Министерство за финансии бр. 18326/2 од 14. 01. 2015 год ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р. М- Скопје објавува

ЈАВЕН ОГЛАС


з
а вработување на работник на неопределено време

ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р. М- Скопје распишува оглас за вработување на здравствен работник на неопределено време за работно место хемиски техничар- 1 (еден) извршител.

Покрај општите услови предвидени со Закон:
- да е државјанин на Република македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност и да не му е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност, кандидатите треба да ги исполнуваат и следните посебни услови:
- да имаат завршен IV степен на образование, средно хемиско;
- со или без работно искуство;

Потребни документи кои кандидатите треба да ги достават, треба да се во согласност со условите што се бараат за наведеното работно место и тоа
- пријава со податоци за контакт(име и презиме, адреса на живеалиште или престој, телефон и емаил адреса);
- кратка биографија(СУ);
- уверение за државјанство, оригинал или фотокопија заверена на нотар;
- уверение дека не е изречена правосилна забрана на вршење на професија, дејност или должност;
- Уверение (диплома) за завршено образование согласно потребите што се бараат за горенаведеното работно место, оригинал или фотокопија заверена на нотар;

Рокот за пријавување е 5 (пет) работни дена од денот на објавувањето во дневниот печат. Пријавите со потребната документација (оригинал или фотокопија заверена на нотар), се доставуваат во архивата на ЈЗУ Институт за јавно здравје на Р. М- Скопје, ул. 50 та Дивизја бр. 6 Скопје. Изборот на кандидатот ќе се врши согласно член 21 од Законот за работни односи Службен весник на Република Македонија бр. 145/2014) Пријавите со некомплетна документација како и оние кои ќе бидат доставени ненавремено, нема да бидат предмет на разгледување. ЈЗУ ИНСТИТУТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ HA Р. М- СКОПЈЕ