SunWireless и Тотал ТВ потпишаа договор за партнерство

SunWireless и Тотал ТВ потпишаа договор за партнерство



SunWireless со задоволство објавува дека потпиша договор за партнерство со ТОТАЛ ТВ, најголемиот провајдер на сателитска телевизија во Република Македонија.

Овој договор значи и проширување на соработката помеѓу SunWireless и United Group (чиј член е ТОТАЛ ТВ), водечката телекомуникациска групација во регионот, откако пред неколку месеци беше потпишан и договор за соработка со SBB, најголемиот оператор на дигитална и аналогна кабловска телевизија и широкопојасен интернет во Србија, исто така член на групацијата.

Отсега, корисниците на ТОТАЛ ТВ ќе имаат можност својата омилена сателитска телевизија да ја комбинираат со брз и стабилен интернет кој ќе биде овозможен од SunWireless и понуден во новиот ТОТАЛ МИКС пакет.

Корисниците на ТОТАЛ МИКС пакетот, покрај интернет за домашна употреба, ќе добијат можност да користат интернет сообраќај и во сите хотзони на SunWireless и UNIFI Wi-Fi мрежата низ Македонија, Србија, Словенија и БиХ на повеќе од 1800 локации.

Повеќе за ТОТАЛ МИКС пакетот можете да прочитате на ОВОЈ ЛИНК