Оглас за вработување во Инспекциски совет

Оглас за вработување во Инспекциски совет

Врз основа на член 14 став 1 и 2 од Законот за државните службеници (“Службен весник на Република Македонија” бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002, 98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 81/2005, 61/2006, 36/2007, 161/2008, 6/2009, 114/2009, 35/2010, 167/2010, 36/2011, 6/2012, 24/2012, 15/2013, 82/2013, 106/2013 и 132/2014) и Правилникот за начинот на селектирање и вработување на државните службеници и за формата и содржината на пријавата за интерен оглас за вработување на државен службеник (“Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2011, 27/2011, 182/2011 и 69/2013) 

АГЕНЦИЈАТА ЗА АДМИНИСТРАЦИЈА
објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 40/2015
за вработување на 6 државни службеници во Инспекциски совет за следните работни места: 

1. Советник за развој на системот за инспекциски надзор, Одделение за стручна и оперативна поддршка, Сектор за стручна поддршка (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - Правен факултет - правни студии или економски факултет
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- Активно познавање на англискиот јазик - поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на A2 (A2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕАЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЛ ИБТ најмалку 30 бода или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење - Certiport: IC3 GS4 Key Applicaions или Microsoft: MOS Word или MOS Excel или ECDL: Core
- комуникациски вештини
- способност за тимска работа
- работа под притисок и извршување на работата во рок
- иницијативност, инвентивност
- одлична вербална и писмена комуникација
- одлични организациски вештини
- чесност и лојалност
Плата: 24.997,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

2. Советник за методи на инспекциски надзор, Одделение за координација на инспекциски надзор, Сектор за стручна поддршка (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - Правен факултет - правни студии, економски факултет или факултет од областа на информатиката
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- Активно познавање на англискиот јазик - поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на A2 (A2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно КЕТ, ИЕАЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода или ТОЕФЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење - Certiport: IC3 GS4 Key Applicaions или Microsoft: MOS Word или MOS Excel или ECDL: Core
- комуникациски вештини
- способност за тимска работа
- работа под притисок и извршување на работата во рок
- иницијативност, инвентивност
- одлична вербална и писмена комуникација
- одлични организациски вештини
- чесност и лојалност
Плата: 24.997,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

3. Советник за организирање на инспекциски надзор, Одделение за координација на инспекциски надзор, Сектор за стручна поддршка (2)извршител(и);
- Висока стручна спрема (VII/1) или најмалку 240 ЕКТС - Правен факултет - правни студии, економски факултет или факултет од областа на информатиката
- најмалку 3 години работно искуство во струката
- Активно познавање на англиски јазик - поседување на меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори на A2 (A2) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно KET, ИЕЛТС со максимум 3 поени, БУЛАТС, или Аптис, или ТОЕФЛ ПБТ најмалку 400 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 95 бода, или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 30 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете сертификат
- Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење - Certiport: IC3 GS4 Key Applicaions или Microsoft: MOS Word или MOS Excel или ECDL: Core
- комуникациски вештини
- способност за тимска работа
- работа под притисок и извршување на работата во рок
- иницијативност, инвентивност
- одлична вербална и писмена комуникација
- одлични организациски вештини
- чесност и лојалност
Плата: 24.997,00
Работни часови неделно: 40 ; Работно време од 08:30 до 16:30 ; Работни денови: од понеделник до петок

Покрај горнаведените посебни услови, предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на Инспекциски совет заинтетресираните кандидати треба да ги исполнуват и општите услови за вработување на државни службеници, предвидени во членот 13 став (2) од Законот за државни службеници.

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето. Заинтересираните кандидати можат да поднесат ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК (Јавен Оглас), во писмена форма преку писарницата на Агенцијата, по пошта на адреса Агенција за администрација Ул. Јуриј Гагарин бр. 15 - Комисија за селекција на јавен службеник (со назнака за оглас број 40/2015) или во електронска форма преку интернет локацијата на Агенцијата за администрација http://prijava.aa.mk.

Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавите доставени преку пошта, треба да бидат примени во писарницата на Агенцијата најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас. Ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат.

Уредно пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на испитот за државен службеник и за достапноста на материјалите за подготовка на кадидатите за полагање на испитот. По полагањето на испитот за државен службеник со петте најуспешни кандидати за секое работно место, односно извршител, се спроведува структуирано интервју во рок од седум дена по полагањето на испитот во органот за чии потреби е објавен јавниот оглас. Врз основа на резултатите од образованието, од испитот и интервјуто, Комисијата за селекција објавува ранг-листа на тројцата најуспешни кандидати кои во рок од пет дена се тестираат со единствен психолошки тест со аспекти на интегритетот на личноста на кандидатот, односно може да се тестираат со тест батерија составена од психолошки тест и тест за интегритет, а трошоците за тестирањето паѓаат на товар на кандидатот

Образецот на пријавата е објавен во “Службен весник на Република Македонија” број 13/2011 ина интернет локацијата http://aa.mk. Напомена: условите за активно познавање на англискиот јазик и активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, објавени во огласот, ќе почнат да се применуваат согласно наведените рокови во Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр. 27/2014 од 05.02.2014 година).