Оглас за вработување во Нептун Македонија

Оглас за вработување во Нептун Македонија

Трговското друштво за промет на големо и мало, производство и услуги НЕПТУН МАКЕДОНИЈА ДОО експорт-импорт Скопје (ул.”Качанички пат”, бр.56, Скопје, телефонски број 02/2656 737) распишува оглас за вработување на:


СМЕТКОВОДИТЕЛ

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:

ВСС – Економски факултет;
Најмалку 5 години искуство во областа на сметководството на иста или слична позиција;
Поседување на сертификат/лиценца за овластен сметководител;
Напредно познавање на MS Office;
Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална;
Одлично познавање на англискиот јазик (чита, пишува, говори);
Систематичност, организираност и иницијативност;
Флексибилност и насоченост кон изнаоѓање на решенија;
 

Одговорности и работни задачи:

Одговорен за обезбедување на усогласеност од правен, даночен и регулаторен аспект во доменот на сметководственото работење;
Одговорен да осигура навременост, точност и корисност на даночните пријави, како и на Годишната завршна сметка;
Одговорен за планирање на функционирањето на сметководствениот систем и кои правила (процедури) ќе бидат применети;
Одговорен за комуникација со државните органи и консултантски агенции;
Одговорен за управување на сметките за побарувањата и обврските;
Одговорен за дневна контрола на книжењето на трансакциите;
Одговорен за пресметка и исплата на плати, даноци и придонеси, како и други примања на вработените;
Одговорен за статистички извештаи од доменот на сметководството;
Одговорен за комплетноста и точноста на подготвените извештаи и податоци;
Книжење во книговодство, на уплати и исплати, пресметки од камати, фактури, испратници, приемници, книжни одобренија и задолженија итн.,  како и контрола на аналитички картици;
Креирање на фактури и други финансиски документи;
Изработување и испраќање извештаи за извршени уплати од страна на коминтенти;
Изготвување на калкулација по девизен заклучок и праќање известување до продукт менаџерите и магацин за истата;
Проверување на податоците од увозни и извозни декларации;
Вршење на неопходни пресметки;
Вршење на други сметководствени и книговодствени задачи;
 

Што нудиме?

Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
Континуирана обука и можност за напредување
Почетна основна нето месечна плата во износ од 40.000 денари
Работно време од понеделник – петок (09.00 – 17:00 часот)
Неделното работно време е 40 часа
 

Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: vrabotuvanje@neptun.mk, со назнака: “Оглас за сметководител”.

Огласот е активен 15 дена од денот на објавувањето.

Општи правила за аплицирање:

Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот) и мотивациско писмо (име и презиме на апликантот).
Назнака на позицијата за која се аплицира

Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

За споменатиот оглас ќе бидат разгледани само апликациите кои ги исполнуваат бараните услови од огласот. Апликациите кои не ги исполнуваат условите од аспект на поседување на соодветно образование, работно искуство, поседување на бараните сертификати нема да бидат земени в предвид.