За сите кои имаат страв од летање

За сите кои имаат страв од летање

Подготвил: Драгана Петрушевска

Постои нова апликација наменета за луѓе кои се плашат од летање.


Имено, апликацијата им помага на корисниците да се смират со статистики за малите шанси за пад на авионот.  Апликацијата е едноставно наречена „Am I going down?“, а е направена за корисниците на ајфон и ајпед. Таа веќе е достапна за преземање (http://appstore.com/amigoingdown).

Стравот од летање е чест. Апликацијата била направена од брачен пар и тим програмери, Ник Џонс и Џули Постлтвејт од „Ванила пиксел“. Ник вели дека инспирацијата за создавање на апликацијата доаѓа од неговата соприга, која имала страв од летање долго време.

Апликацијата е лесна за користење. Едноставнo, и' кажувате на каков авион летате, на кои аеродроми пристигнувате и полетувате и апликацијата ви ги кажува шансите за уривање на авионот, кои секогаш се еден во милиони. Апликацијата користи податоци за несреќи со авиони од повеќе места, а потоа ги анализира шансите за пад точно и брзо.

„Факт е дека летањето со авион е неверојатно безбедно“, вели Ник.