Какво време не очекува денес?

Какво време не очекува денес?

Македонија се' уште е под влијание на циклонска активност која во вечерните часови и во текот на ноќта ќе услови врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег.

Комбинација од циклонското влијание и продор на студена воздушна маса од север ќе условат врнежи од дожд, на повисоките предели особено во западните предели врнежите од дожд и снег а над 800 метри само од снег. Во текот на доцните попладневни и вечерни часови врнежите ќе престануваат.

Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер.

Температурите ќе бидат во опаѓање, па утринските температури од ќе се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни од 0°C до 10°C.

Во Скопје во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 2°C, а максималната дневна температура до 5°C.

Weather4all.com.mk